Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Илир Шаќири ја промовираше книгата Тан Темали

Во петок на 10. октомври на Универзитетот на Југоисточна Европа познатиот пејач и писател Илир Шаќири ја промовираше неговата прва книга „Тан Темали“ . Оваа промоција беше организирана во соработка на Институтот за книга и промоција, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и издавачката куќа Тоена.

„ Јас секогаш ги пеев моите песни пронаоѓајќи убави поеми и зборови меѓу делата на нашите писатели, се додека убавиот збор ме следи јас сум во потрага по тоа“ рече авторот на книгата Илир Шаќири пред многу студенти и професори.

Реџеп Ќосја во предговорот на книгата напиша дека новелата на Илир Шаќири „Тан Темали“ е новела за историските и културните настани кои го одбележаа животот на нашата генерација. Ги опишува животите на генерациите кои го создадоа националното движење кое конечно резултираше во остварување на долго очекуваниот сон на сите албански генерации: слобода и независност на Косово.

Во неговиот поздравен говор одговорниот на Катедрата за албански јазик на УЈИЕ, проф. д-р Зеќир Кадриу рече „придонесот на Илир Шаќири во однос на албанската литература е изненадувачки, но поизненадувачки е вокабуларот кој тој го употребува , особено ретките зборови кои го збогатуваат речникот на албанскиот јазик.“

Google+