Во среда (01октомври 2014 година) ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика потпиша меморандум за соработка со УСАИД и ЛЦИФ (Lions Club International Federation), преку Lions Club Macedonia како добитник на грантот за истражувачкиот проект во областа на апликација на информациските технологии .
Проектот е насловен Деца со визуелни недостатоци и е наменет за вклучување на децата со слепило или со делумно нарушување на видот во образовниот софтвер преку развој на софтвер за превод на книги за основно образование од различни јазици. Во поддршка на ова, предавањата ќе се изведуваат според Брајовата азбука со тоа што пет училишта ќе се обезбедат со потребната технологија и професорите во овие училишта соодветно ќе се обучат, но и ќе се делува превентивно преку ран скрининг на децата.
Партнери на овој проект на УЈИЕ се Министерството за образование и наука и Сојузот на слепи лица во Македонија.Грантот е во износ од пет стотини илјади долари и ќе се имплементира за 30 месеци.
