Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Презентација на проектот НОРМАК за одржлива енергија

Во понеделник (29.09.2014), на Универзитетот ан Југоисточна Европа имаше презентација на проектот НОРМАК . НОРМАК, кој е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи ги обединува како партнери УЈИЕ, Политехничкиот универзитет во Тирана и Универзитетот во Приштина.

Координаторот на проектот за Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Алајдин Абази рече дека буџетот на овој проект е 960 илјади евра и универзитетите учесници имаат можност за понуда на нови студиски програми на последипломски студии во областа одржлива енергија. Ова е можност за истражувачките проекти како и за проширување на постоечките лаборатории. Студентите кои ќе ја искористат оваа можност ќе можат да студираат еден семестар во Норвешка .

Преку проектот НОРМАК за одржлива енергија ќе се подобрат институционалните капацитети и ќе се зајакне системот за истражување и развој на енергијата во Македонија , Албанија и во Косово преку високото образование/ наставниот процес know-how технологиите за истражување и развој и трансферот на технологијата од норвешка.

Google+