Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во УЈИЕ Скопје свечено пуштена во употреба првата станица за полнење на електрични возила во Македонија

Во УЈИЕ Скопје свечено пуштена во употреба првата станица за полнење на електрични возила во Македонија

На 20 септември, 2014година, во УЈИЕ во Скопје, во свечена церемонија сe пушти во употреба првата cтаница за полнење на електрични возила во Р.Македонија, во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Нурхан Изаири, претседателот на EMKICE (Европско-македонски центар за иновации и знаењe), г. Илија Вучков, сопственикот на Тесла модел С и претприемач, г. Саша Цветојевиќ и директорот на SEEUTechPark, д-р Азир Алиу.

„Технолошкиот парк е местото каде се создадени услови за поблиски и трајни врски помеѓу академските институции и индустријата со цел претворање на знаењата и експертизите во акции, производство и инвестиции.“ рече директорот на Технолошкиот Парк г. Алиу.

„Универзитетот на Југоисточна Европа, со технолошкиот парк како дел од него, е во чекор со светските иновации и лидер во регионов за зачувување на природните вредности и еко-системот “, рече министерот за животна средина, г. Нуран Изари.

Саша Цветојевиќ (сопственик на возилотоТесла Модел С) и ја даде својата поддршка на оваа иницијативата која има за цел да ја популаризира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа, да ја подигне свеста за почиста и поздрава животна средина и за креирање зелен коридор со станици за полнење на електрични возила.

Google+