„Со оваа одлука ние го цениме придонесот на нашите меѓународни пријатели, на поранешното и тековното водство на Универзитетот , на кадарот и студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа за инвестирањето и за извршената работа за промовирање на квалитетот во високото образование во Р. Македонија“, рече министерот Адеми.
Министерот ја потврди неговата поддршка и поддршката од Владата за Универзитетот не само со финансии од буџетот, туку и со вклучување на УЈИЕ во сите други проекти на министерството како што се стипендии за последипломски студии и обезбедување на најновата научна литература преведена на албански јазик како и некои други проекти од ова министерство, рече г. Адеми истакнувајќи дека „ УЈИЕ е еден од најдобрите универзитети во Македонија“.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа , проф. д-р Замир Дика оваа одлука на Владата ја смета за важен чекор и истакна: „Дозволете ми во име на вработените и на студентите, како и на меѓународните лидери, да ви се заблагодарам за овој чин на оценување на Универзитетот, вклучувајќи го, како дел од буџетот на државава. Ви честитам за оваа визија со што ќе помогнете во оптимизација на високото образование, особено во овие делови на земјава.
Со овој чин вие придонесовте да се зголеми финансирањето од Владата на високото образование на албански јазик; Вие ја докажавте вашата решеност за почитување на повеќејазичните и мултикултурните вредности во високото образование; и Вие одлучивте да го поддржите квалитетот во високото образование, но, исто така, да докажете пред меѓународните пријатели дека ги почитувате оваа инвестиција и придонесот на американските и на европските граѓани.“
„Ние ќе продолжиме да придонесуваме кон сите иницијативи за подобрување на системот на високото образование во Република Македонија и сме подготвени да го споделиме секое искуство, со помош на меѓународните партнери, со сите високообразовни институции, во земјава и пошироко“ рече меѓу другото ректорот Дика.
Ректорот Дика, министерот Адеми и членовите на Одборот и на Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа на крајот од посетата го разгледаа Кампусот на УЈИЕ .
