Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дипломтска делегација од земјите од Бенелукс го посети Универзитетот на Југоисточна Европа

Дипломтска делегација од земјите од Бенелукс во среда (10.09.2014 година) го посети Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово како дел од нивната посета во Р.Македонија.

Делегацијата се состоеше од преставници – на ниво на политички директори – од министерствата за надворешни работи на Холандија, Белгија и Луксембург, придружувани од амбасадорот на Холандија во Македонија, Мариет Шурман и Белгискиот амбасадор кој престојува во Софија и е акредитиран и за Македонија ,Аник Ван Клстер.

Дипломатската делегација од земјите од Бенелукс се сретна со проректорот за истражување и за меѓународни односи, проф.д-р Блерим Река, проректорот за академски работи проф.д-р Ендру Гудспид и проректорот за претприемништво проф.д-р Мирољуб Шукаров.

Во текот на состанокот проректорот Река ги информираше дипломатите за мисијата, тековните трендови и за визијата на Универзитетот на Југоисточна Европа. „Нашиот Универзитет е најголемиот меѓународен проект кој е сеуште функционален во Македонија. Тоа е пример на мултиетничка образовна институција, “ оцени проректорот Река.

Проректорот Гудспид ги информираше Европските дипломати за академските програми на Универзитетот, за бројот на студенти и за квалитетот на наставата.

Проректорот Шукаров ја истакна важноста на финансиите во креирање на висококвалитетна наставна средина.

Дипломатите од земјите од Бенелукс реализираат неколкудневна посета на Р.Македонија.

Google+