Во презентацијата ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика ја истакна важноста од квалитет и потребата за подготвување на кадарот за да се овозможи на сите да ги следат глобалните технолошки развои.
Тој ја презентираше неговата визија за развој на Универзитетот истакнувајќи ги клучните делови од програмата. Ректорот Дика рече дека следните четири години ќе се фокусираме на усовршување на академската понуда и на промовирање на кохезија со очекувањата на пазарот на трудот: „Јас сметам дека Универзитетот создаде одржлив систем за креирање академска понуда која динамички ги следи развоите на пазарот на трудот.“ Исто така, според него, надворешната евалуација на студиските програми со меѓународните експерти која се изведува на секои три години придонесува за зачувувување на стандардите со кои се продуцира знаење, вештини и компетенции кај нашите студенти.
Проф.д-р Елена Думова одржа презентација за Современ профил на истражување во која направи и споредб на глобалните научни трендови.
Хедер Хеншоу, Извршниот советник за квалитет беше одговорна за организацијата на обуката на кадарот на Универзитетот.
Програмата за обука на администрацијата содржеше неколку работилници како што се: „Преглед на минатите и на идните приоритети“,„Организационо однесување и ефективна администрација“ и „Акционо планирање – успеси , предизвици, приоритети.“ Во текот на програмата за обука на академскиот кадар се одржаа неколку дополнителни работилници како што се : „Современ профил на истражување,“„Развој и иднина на третиот циклус на студии и докторската школа – достигнувања и предизвици,“„Преглед на оценувањето и најнови информации,“и„Поврзување на универзитетот и деловниот сектор – современи предизвици.“
Обуката на кадарот се одржува секоја година и има за цел да промовира продолжителен развој и квалитативно подобрување на кадарот. Темите за обука произлегоа од процедуарта за само-проценка која се изведува на годишно ниво од секој член од кадарот. Ова е четврта година по ред како сиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа учествува на обука надвор од Кампусот на Универзитетот.
