Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Универзитетот „Хаџи Зека“ од Пеќ потпишаа меморандум за соработка

Во вторник (15 јули 2014 год.), во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Универзитетот „Хаџи Зека“ од Пеќ потпишаа меморандум за соработка.

Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, ги поздрави гостите и ги информираше гостите за организацијата и за историјата на УЈИЕ, како и за плановите и за активностите за идниот период.

Ние ќе ги развиваме нашите активности во академски области од заеднички интерес: особено во однос на размена на академски кадар , размена на студенти во различни циклуси на студии за семестар, за студиски престој или периоди за практика, за научно истражување, конференции и академски состаноци, за размена на академски материјали и други потребни информации и за посебни краткорочни академски програми “ рече ректорот Дика.

Проф. д-р Насер Мрасори, ректор на Универзитетот „Хаџи Зека“ истакна дека целта на овој договор е да се развие академска соработка во универзитетските студии и во развојот на истражувачките активности и исто така да промовира научна и културна поврзаност меѓу двата универзитети. ​

„Двата универзитети се блиску географски и поради тоа е лесно да се интензивира соработката која ја воспоставивме со ректорот Дика во времето кога јас бев во Универзитетот во Приштина “​, рече ректорот Мрасори.

Овој вид на соработка не е претставува придонес само за регионалното високо образование туку и конкретна мотивација за кадарот и за студентите за меѓусебна размена на искуства.

Google+