Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ потпиша Договор за партнерство со деловниот сектор за развој на студиите интегрирани со практика

Во среда (9 јули, 2014) Универзитетот ан Југоисточна Европа и седум познати компании од Македонија потпишаа договор за партнерство за реализација на студиите интегрирани со практика - Современ менаџмент на претпријатија.

Следниве компании потпишаа договор : „Даути-Комерц“ , „Принц –Енетрпрајз“ , „Алма-М“, „Везе –Шари“ , „НД –Балкан“, „Ренова“ и „Кораби“. Во понатамошниот период ќе се потпишат договори и за двете други програми – Современ менаџмент на банки и Применета информатика за ИТ компании. Компаниите ќе доделат стипендии за студентите кои ќе бидат избрани да продолжат со студиите на овие програми .

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа,проф. д-р Замир Диказборуваше за важноста на студиите интегрирани со практика затоа што преку нив во иднина ќе имаме адекватен кадар за развивање на бизнисите . „ Денешниот настан покажува сериозна соработка која ние ја развиваме со деловниот сектор,преку реализација на конкретни проекти “рече ректорот Дика .

Германскиот експерт ангажиран од Универзитетот на Југоисточна Европа за студиите интегрирани со практика, Норберт Маркс, зборуваше за организацијата на овие студии, за процедурата за упис и за структурата на студиската програма интегрирана со практика: Современ менаџмент на претпријатија.

Потпишувањето на овој договор го поздрави и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.

„Суштината на овие специфични програми “ е во фактот што наставните материјали се нудат преку практична примена. Процесите за предавање и за учење ќе се развиваат во два дела и поради тоа тие се наречени двојни студии во академската средина, т.e. еден дел ќе се испорачуваат на нашиот универзитет (теоретскиот дел) и другиот дел во компаниите партнери за практика (практичниот дел)“, рече Демуш Бајрами, советник на ректорот и модератор на овој настан.

Студентот Фатих Мичи го презентираше неговото искуство за напредокот во оваа програма и зборуваше за предностите кои се нудат и препорача на другите да се запишат на програмата затоа што вработувањето и професионалниот развој се загарантирани.

Сопствениците и претставниците од компаниите потписници имаа конструктивна дискусија на која тие го презентираа взаемното искуство од ангажирањето на студентите и квалитетот кој тие го покажуваат во текот на практиката и студиите.

Овие програми се развиваат заедно со Германската агенција за деловна соработка во согласност со барањата на Министерството за образование и наука на Република Македонија и ќе се понудат на Факултетот за современи науки и технологии.

Google+