Во вторник на Универзитетот на Југоисточна Европа , поранешниот гувернер на Вермонт (САД) и кандидат за претседател во 2004 од демократската партија д-р Хауард Дин одржа предвање пред претставници од невладини организации и студенти од различни високообразовни институции од државава и други стејкхолдери. Претходно тој освари средба со ректорот на Универзитетот проф.д-р Замир Дика кој го информираше за работата, условите на студирање и можностите кои ги нуди Универзитетот.
Д-р Дин беше придружуван од регионалниот директор ан НДИ и директорот на НДИ за Македонија , Крис Хеншоу .
На формалната сесија со студентите , ректорот Дика го истакна придонесот на НДИ во процесот на демократизација на институциите и политичките партии во Македонија и ја потенцираше честа што Универзитетот е домаќин на д-р Дин.
Во текот на предавањето , д-р Дин зборуваше за демократијата, слободата и човековите права како и за тековните политички развои истакнувајќио го неговото искуство како политичар и активист . Тој исто така зборуваше за моќта која младите ја поседуваат за да ги променат нештатат преку Интернет и ИТ. Во овој контекст , тој спомена неколку случаи на добра практика каде младите , според него „ придонесоа за промени во неговата земја и во светот “
Тековно, д-р Дин е претседател на Одборот на НДИ и независен советник во различни области како што се: ран развој на младите, алтернативни извори на енергија, здравствено осигурување и друго.
