Во своето воведно излагање, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика рече: „ Една од целите на конференцијата е да се промовира посериозна посветеност кон подобрувањето на квалитетот во испораката на знаење. Со ова ние веруваме дека ќе придонесеме за понапреден систем за менаџмент на квалитетот . Во високото образование ова значи квалитетот според кој ги оценуваме студентите , кадарот, институциите и системите.“
Советникот за обезбедување квалитет, Хедер Хеншоу додаде, „Целта на конференцијата е да се влијае врз квалитетот на евалуација, обука и развој на високото образование во регионов.“
Франсис Овен , експерт од областа на обезбедување квалитет од Обединетото Кралство (ОК)и главен говорник зборуваше за трендот во ОК за вклучување на студентите во образовното искуство, „гласот на студентите“ и улогата на Националната анкета од студентите во накачувањето на академските стандарди и сервисите за поддршка.
Проф. Кевериски, член на Одборот за акредитација и евалуација во Р. Македонија исто така ја презентираше работата на ова тело како и плановите надворешна евалуација .
Еден од најпозитивните аспекти на конференцијата беше и активното учество на студентите кои презентираа академски постери и ги презентираа нивните ставови во однос на сите сесии.
Конференцијата беше добра можност за споделување искуства и за размена на идеи. Ќе се објави и зборник од конференцијата со избор на трудови.
