Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Церемонија на дипломирани – Десетта генерација

Во саботата (14 јуни 2014 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) – Тетово, во свечена атмосфера околу 2000 учесници, родители, студенти и многубројни гости имаа можност да бидат дел од уникатната церемонија за одбележување на десеттата генерација на дипломирани.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика ги истакна важноста и улогата на оваа генерација студенти кои наскоро ќе ги напуштат амфитеатрите и ќе започнат со кариерите. „Вие дипломирате во време кога општеството има поголема потреба за генерации кои се компетентни во повеќе области. Вие, ќе знаете подобро од сите да одговорите на предизвиците на времето.“ Ректорот Дика додаде дека целта на институцијата е обезбедување и понатамошен развој на квалитетот, и во Македонија и во регионов, и да ја поттикне мобилноста на студентите во Европскиот високообразовен простор. На овој начин тој истакна дека ќе имаме подобро подготвен кадар за пазарот на трудот и ќе имаме образовани индивидуи оспособени да придонесат за економскиот развој.

„Нашиот академски кадар разви уникатна високообразовна институција тука во Р. Македонија. Тие ви обезбедија високо образование споредливо со она во европските држави, и се надеваме дека вие ќе го искористите ова не само во ваша корист туку и во полза на другите“, рече претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф.д-р Денис Фарингтон.

За да се задржи традицијата беа прогласени најдобрите студенти од генерацијата; две од нив – Христина Сибиновска и Влора Мемеди зборуваа во свое име.

„Преку Универзитетот на ЈИЕ ние не станавме само дипломирани студенти, ние станавме и глобални студенти, станавме глобални државјани. Станавме свесни за мултикултурализмот и меѓународна соработка, станавме државјани на светот“, рече Сибиновска.

„Искуството кое го добивме тука е комбинација на задоволителни и на тешки моменти кои ќе бидат силна поддршка за реализацијата на нашите соништа за иднината. Сево ова беше постигнато благодарение на заедничката соработка на кадарот на Универзитетот за достигнување на заедничките аспирации“, рече Влора Мемеди.

Специјален гостин на овој настан беше победникот на „Војс оф Итали“ во Италија, г-ѓица Елхаида Дани.

Уметничкиот аспект на церемонијата беше збогатен со изведбата на Тетовскиот хор, гудачки квартет и на пејачот д-р Агим Пошка (кој предава на УЈИЕ), кој ја изведе песната „Гласот на знаењето“.

Google+