Тркалезната маса на тема „Европски перспективи на Западен Балкан по изборите на Европскиот парламент“ беше организирана од Универзитетот на Југоисточна Европа и Секретаријатот за европски прашања .
Г. Бесими оцени дека ЕУ нема да застане со проширувањето со земјите од Западен Балкан, со сите трендови за промени и со промена на составот на Европскиот парламент по неодамнешните избори на ЕУ.
„Во однос на Македонија и на регионов Европската идеа и евроатланското проширување е идеа која соединува. Ова е процес од кој би имале корист“, рече Бесими.
Проректорот и поранешен дипломат проф. д-р Блерим Река го истакна внатрешниот ризик кој Европа го наметнува со движењата за независност, како што се Каталонија, Шкотска, Република Венеција и Фламанска Белгија итн.
„ Тие гледаат на ЕУ со скептицизам и партиите на екстремистите овој пат освоија повеќе места во Европскиот парламент, предизвикувајќи „политички земјотрес“ како што кажа и францускиот премиер. Во 28 држави членки на ЕУ, Европската национална партија, централно-десничарска останува доминантна сила во Брисел, социјалистите освоија неколку места повеќе, додека либералите останаа на трето место“ рече Демуш Бајрамиполитички аналитичар.
„Ние имаме два спротивни концепти , албанскиот ентитет кој е за интеграција и за евроатлантски структури и другиот концепт кој е поразличен и се однесува на броење во место“,рече професорот Фејзула Шабани , еден од панелистите на дебатата.
„Ние останавме како вулкански кратер кој еруптирал пред некое време и не сме ниту на исток ниту на запад, ниту на север ниту на југ “ рече Ризван Сулејмани политички аналитичар.
Поранешниот заменик-премиер за европски прашања, Ивица Боцевски го анализираше претставувањето на партијата на евроскептици во Европскиот парламент и рече дека „ Доколку до сега сме имале само еден глас во оваа насока сега имаме 120“.
