Добитник на првата награда на Коду купот Македонија 2014 беше тимот од средното училиште „Раде Корчагин“-Скопје; второто место припадна на екипата од училиштето „Јане Сандански“ - Струмица; и на третото место беше тимот од Гимназијата во Дебар.
Преку оваа програма се обучија 84 професори од средните училишта. Обуката ја водеа двајца професори од УЈИЕ од Факултетот за современи науки и технологии, Арбен Хајра и Висар Шеху.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Замир Дика, рече дека е задоволенод овој заеднички проект, затоа што претставува многу важен триаголник на соработка и гиобединува УЈИЕ, средните училишта и светски познатата компанија Мајкрософт.
„УЈИЕ е посветен, од основањето на мисијата да создаде дипломци кои ќе бидат подготвени не само со потребното знаење но исто така и со вештини кои се бараат на европскиот пазар на трудот. УЈИЕ ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи во иднина “ рече ректорот Дика.
„Проектите како овој се многу важни, бидејќи постои поврзаност помеѓу иновацијата и технологијата и иновациите и економијата. Иновациите и технологијата влијаат врз економскиот развој на земјата“, изјави претставник на Амбасадата на САД во Скопје, Рајан Сторм.
Директорот на Мајкрософт Македонија, Стефан Пављански, му се заблагодари наУниверзитетот на Југоисточна Европа за отворање на вратите за овој многу важен натпревар.Универзитетот од своето основање е модел на високото образование во Македонија и успеа да стане лидер во инвестициите во технологијата.
„Целта на овој натпревар е да се смени комуникацијата во образованието преку технологијата “ рече г. Пављански.
Влора Адеми, менаџер на академски програми во Мајкрософт за Македонија и Косовоодржа презентација на целите и главните активности за учество на натпреварот Коду купМакедонија 2014 . Професорот од УЈИЕ Адријан Бесими, исто така детално го објасниа процесот на евалуација на Коду игрите.
