„Можеби една година е премногу кратко за да се евалуира изведбата на Технолошкиот парк но тоа е доволно да се рефлектира за сработеното. Јас сметам дека паркот успеа да исполни некои од главните цели. Тоа веќе е место кое ги обединува студентите , академијата и деловната –заедница,“ рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика во својот поздравен говор.
Директорот на Технолошкиот парк доц. д-р Азир Алиу ги презентираше главните активности и идните цели. „Технолошкиот парк на УЈИЕ денес слави една година како институција, но идејата е постара од тоа, попрецизно од 2010 година. Во рамките на паркот, тековно се лоцирани три компании, кои имаат вкупно 30 вработени, и досега се одржаа 30 обуки и 8 панел дискусии,“ истакна Алиу.
Директорот на Фондот за развој на иновации , Јасмина Попоска честита на менаџментот за нивната работа и ја истакна важноста од взаемната соработка . „ Ние се надеваме дека нашата соработка ќе се зајакне во иднина со цел да им помогнеме на младите генерации да не ја напуштаат земјата и да ј планираат перспективата тука.“ рече г-ѓа Попоска.
Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи рече дека е задоволен од досегашната работа на паркот.
„Работата на паркот и оваа церемонија денес потврдуваат дека науката конечно почнала да зборува на јазикот на бизнисот,“ рече Кучи.
