Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од Правниот факултет на УЈИЕ во студиска посета на Велика Британија

Студентите од Правниот факултет на УЈИЕ во студиска посета на Велика Британија

Од 5 до 9 мај, студентите од Правниот факултет на УЈИЕ, под раководство на деканот проф. д-р Исмаил Зејнели, продеканот доц. д-р Јетон Шасивари како и со професорите: проф. д-р Аслан Биљали и проф. д-р Аднан Јашари, придружени од претседателот на Бордот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, ја реализираа овогодишната студиска посета во Велика Британија. Притоа беа посетени Универзитетот на Оксфорд, каде што беа одблиску запознаени со историјатот, организацијата, дејноста и со предизвиците на оваа високообразовна институција со светско реноме, со посебен осврт на студиските програми и начинот на работа на Правниот факултет.

Во Лондон беа во посета на Кривичниот суд при што студентите и кадарот следеа неколку судски постапки за разни кривични прашања. Притоа имаа можност да се запознаат со начинот на водење и организирање на судските постапки според англо-саксонскиот правен систем. Во Лондон беше посетена и асоцијацијата Мидл темпл (Middle Temple), која има искуство од неколку стотици години во правното образование и во обуката на британските студенти и адвокати со цел постигнување на највисоките професионални стандарди во вршењето на судската и адвокатската професија во Велика Британија. Исто така, имаше посети и на Врховниот суд на Велика Британија во Лондон, при што студентите и кадарот имаа можност да учествуваат на една граѓанска судска парница како и да се запознаат со улогата на овој суд како конечен жалбен суд во Британија за сите кривични и граѓански прашања со посебно јавно и уставно значење за англо-саксонскиот правен систем на Велика Британија.

Студиската посета беше оценета како успешна бидејќи има за цел стекнување и размена на образовните и стручните искуства на студентите и кадарот од Правниот факултет на УЈИЕ.

Google+