Како и секоја година, денот на одржувањето на овој Саем се совпаѓа со овој многу важен ден, за кој има многу причини да се одбележи во Македонија, особено во Универзитетот на Југоисточна Европа, бидејќи празнувањето на овој ден е потсетување на европскиот дух на сите институции, затоа што Европа не е само географски поим, туку филозофија, менталитет и визија.
„Денес, 64 години подоцна, се соочуваме со една реалност која ја интегрира Европа не само во економската и во социјалната сфера, но, исто така, во пазарот на трудот и во модерното образование. Денес, заложбите на Европската унија се дека високото образование треба да биде на централното место за трансформација на европската економија во најмоќна светска економија базирана на знаење. Ова значи уште една обврска за нас за да се создадат стандарди и квалитет и да се исполнат овие аспирации“, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф д-р Замир Дика.
Во овој контекст, нагласи тој, образованието е составен дел од економските и од социјалните политики и алатка за зголемување на конкурентноста на едно општество а воедно и гаранција за обезбедување социјална кохезија и индивидуален развој на граѓаните.
„Високото образование и универзитетите имаат обврска и должност да се грижат и да им обезбедат на новите генерации капацитети, вештини и знаења за да се натпреваруваат на глобалниот пазар на трудот. Оттука новите реалности во Југоисточна Европа ќе треба да ја сменат сегашноста и иднината на овој регион, трансформирајќи го Балканот во успешна приказна, како дел од големото европско семејството“, нагласи ректорот Дика.
