Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студиска посета на студенти и професори од Универзитетот на Галатасарај во Универзитетот на Југоисточна Европа

Десет студенти и два професори од Универзитетот на Галатасарај во Истанбул гостуваа во УЈИЕ за да го проучат мултикултурниот пејзаж на Македонија.

Студиската посета на проф. Michele Bourse и проф. Ozgurol Ozturk, заедно со десет студенти од Одделот за комуникации на Универзитетот на Галатасарај во Истанбул беше организирана од страна на Центарот за културен дијалог и интеракција (CCID) и Факултетот на култури, јазици и комуникации (LCC) во УЈИЕ. Тоа беше петдневна студиска посета која се состоеше од активности кои се одржаа во двата кампуси на УЈИЕ, во Тетово и Скопје.

Групата беше официјално дочекана од страна на Ректорот на УЈИЕ , проф. Д-р Замир Дика, Деканот на Факултетот на јазици, култури и комуникации, проф. Д-р Бенџамин Kитинг и ко-директорите на CCID проф. Д-р Линда Зибери и проф. Д-р Агим Пошка . Потоа групата се сретна со тетовскиот градоначалник , Д-р Теута Арифи, а попладне беа посетени некои од најзабележителните културни знаменитости во Тетово со придружба на студентите од кампусот на ЈИЕУ во Тетово. Потоа групата имаше работилница во просториите на невладината организација CBC LOJA во Тетово заедно со други студенти од Франција и Германија. Подоцна, групата отпатува во Скопје , каде што беше придружувана од студентите од кампусот на УЈИЕ во Скопје за мала турнеја низ градот.

Главниот настан беше тркалезна маса и филмска проекција под наслов “Мултикултурниот пејзаж и предизвиците во Македонија’’ која се одржи во петок, на 25 април во Амфитеатарот на УЈИЕ во Скопје, со почеток од 10:00 часот. На настанот учествуваа претставници од академскиот и невладиниот сектор кои ги презентираа нивните проекти поврзани со мултикултурни прашања во Македонија.

Google+