Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше промовирана книгата на Сервет Плумб на УЈИЕ

Во книгата се содржани рефлексии за теоријата и за практиката на демократијата, со конкретни примери од албанската демократија и од демократијата од другите Балкански држави.

„Јас сум почестен што сум тука, на овој Универзитет и што се сретнав со моите колеги“, рече професор Сервет Плумб за време на промоцијата на својата последна книга „Етикокрација, рефлексии од теоријата и практиката на демократијата“, која се одржа во петокот (18.04.2014), во УЈИЕ.

Зборувајќи за книгата, проф. Сервет Плумб рече дека тој не сака многу промоции на книги и поради таа причина само неколку од неговите книги се промовирани во Tирана. Сепак, потребата за соединување на филозофското размислување и за размена на знаењата меѓу интелектуалците, го поттикна да дојде и да ја промовира книгата во Тетово. Тој рече дека во книгата се обрнува внимание на некои етички теми за демократијата и се прави обид да се одговори на прашањето дали има нешто покрај демократијата. Според него ова е новата демократија наспроти земјите со развиена демократија.

„Демократијата мора да биде како симфониски оркестар со добри инструменти, со квалитетни резултати и со добар диригент“, рече проф Плумб.

За книгата свое излагање имаа: Нора Малај, заменик-министер за образование и спорт и заменик-претседател на албанската социолошка асоцијација; Лек Симо, претседател на албанската социолошка асоцијација; проф. д-р Хасан Јашари, проф. д-р Али Пајазити и Ксеанела Сотирофски, декан на Факултетот за образование на Универзитетот Александар Мојсиу – Драч.

Google+