Професор Стивен Бристоу има специјализација во корпоративно управување, стратегиски анализи, евалуација на политиката и обезбедување квалитет особено во секторите за образование и за наука. Тој бил заменик – ректор на Универзитетот Гламорган во Велс, Директор на Колеџот Шрусбери за уметност и технологија , одговорен на инспекторатот/ виш советник во Британскиот совет за акредитација и за високо образование и главен надворешен испитувач на Институтот за директори. Тој е соработник во агенцијата за обезбедување квалитет во високото образование , во Обединетото Кралство, член на групата за стандарди за квалитет на Обединетото Кралство, НАРИК (National Academic Recognition Information Centre) и од 2008 година и е советник во Министерството за образование, наука и технологија во Косово. Исто така тој е еден од трите меѓународни члена на Националниот совет за квалитет на Косовската агенција за акредитација и имаше главна улога при подготвувањето на Законот за високо образование во Република Косово во 2011.
Франсис Овен е добар познавач на административните работи, искусna во развојот и во имплементацијата на организациските стратегии во поголемите компании, корпоративниот развој и во корпоративното управување. Таа работела на Универзитетот Лофбороу, Сити и Хал како и во истражувачка организација. Нејзините работни места вклучуваат директор за квалитет, директор за студентски прашања на Универзитетот и директор за академски развој. Таа делувала како консултант за квалитет на многубројни европски универзитети.
Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува со подобрување на квалитетот и квалитетот го има централното место во стратегијата и во делувањето и има за цел да ги искористи резултатите од посетата за студентите и за стејкхолдерите.
