Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Предавање на гувернерот Богов – студентите се вашите најдобри амбасадори

„Неколкумина дипломци од вашиот универзитет се вработени од Народна банка во Македонија и тие се вашите најдобри амбасадори. Преку прашањата јас забележав дека студентите добро се подготвени и ова е резултат на квалитетните предавања на овој Универзитет“, рече гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов. Тој ги даде своите забелешки во текот на предавањето на тема „Македонската монетарна политика - идните ризици и предизвици“, кое се одржа на 26 март 2014 година на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Гувернерот Богов наведе ретроспективна анализа на глобалната економска криза и на нејзиниот ефект врз економијата на Македонија. Тој зборуваше за улогата на Народна банка во создавањето макроекономска политика, а особено за улогата во воспоставувањето мерки за справување со предизвиците од глобалната економска криза.

Во говорот, ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика ги истакна важноста од предавањето на гувернерот и соработката на Универзитетот со банките, а особено со Народната банка на Македонија.

Студентите му поставија повеќе прашања на гувернерот Богов и се вклучија во дискусиите и анализата.
Google+