Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот на Холандија Мариет Шурман одржа предавање за Холандската дипломатија во рамките на „Серијата дипломатски предавања“ организирана од Институтот макс ван дер Штул

„УЈИЕ е еден од најконкретното дело од наследството на Макс ван дер Штул во целиот свет”, рече амбасадорот на Кралството на Холандија Шурман во текот на предавањето организирано од научниот институт „Макс ван дер Штул“ на Кампусот на УЈИЕ во Тетово на 19 март 2014 година.

Во своето воведно излагање , директорот на Институтот за научно истражување „Макс ван дер Штул“ проф.д-р Ветон Латифи потсети на четирите главни принципи на надворешната политика на Холандија: Атлантската соработка, европската интеграција, меѓународното право и меѓународниот развој.

„Мирот и правдата се основната потреба за да преживееме“ беше воведот на обраќањето на амбасадорот на кралството Холандија во Република Македонија Мариет Шурман пред студентите и кадарот на Универзитетот на ЈИЕ зборувајќи за Холандската дипломатија во рамките на јавниот настан организиран од научниот институт „Серија дипломатски предавања“.

Амбасадорот на Кралството Холандија Мариет Шурман го објасни потеклото на арбитражата и визијата на Холандија за меѓународната политика. Таа исто така ја истакна потребата за активно вклучување на владеењето на правото и потребата за негово постојано промовирање. Таа исто така сподели некои од нејзините гледишта во однос на надворешната политика на Холандија во однос на интеграцијата во ЕУ, тековната состојба во Западен Балкан и најновите светски политички развои.

Зборувајќи за личноста на поранешниот висок комесар на ОБСЕ, холандскиот дипломат Макс ван дер Штул, амбасадорот Шурман рече дека тој останува еден од врвните имиња на светско ниво во однос на концептите на превентивната дипломатија и иднината на човештвото. Таа ја оцени улогата на Макс ван дер Штул како еден од основачите на пост-модерната надворешна политика на Холандија.

Google+