Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конференција за позицијата на жената во општеството

Во четврток (6 март 2014), во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на жените 8.март, Француската алијанса во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа одржаа конференција на тема „Позицијата на жената во општеството“.

Градоначалникот на Тетово, г-ѓа Теута Арифи беше една од презентерите на конференцијата , таа зборуваше за нејзиното искуство во однос на родовата еднаквост.

„Во последнава декада на Балканот се направија позитивни напори за напреднување на позицијата на жената во општеството . Во текот на мојата работа како политичар јас имав огромна поддршка од жените. Во општина Тетово, на 45% од менаџерските позиции се жени“, рече г-ѓа Арифи која додаде дека жените придонесуваат на нашиот свет и ваквите празници треба да служат како мотив за рефлектирање.

„Н.Е Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија, рече дека позицијата на жената во Македонија напреднува но се уште има работа која треба се изврши. Таа го посочи примерот на Општина Тетово како позитивен во оваа насока. Таа рече дека дури и во земјите на ЕУ се уште има многу празнини во напреднувањето на позицијата на жените.

Исто така, говорители на оваа конференција беа и Од Валсесија директорот на Француската алијанса во Тетово и г-ѓа Џули Чемберланд експерт за културни проекти.

Google+