Натпреварот го отвори проректорот за истражување на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река кој истакна дека покрај неповолните временски услови за трката, организаторите добро ги подготвија скијачките терени и се очекува успешен натпревар во скијање.
Во името на универзитетите кои учествуваат учесниците ги поздрави и Марина Ташо од Универзитетот во Корча која беше единствен учесник во сите досегашни скијачки натпревари. „Сакам да се заблагодарам на УЈИЕ за овој традиционален натпревар. Ние сме почестени што учествуваме и на секој учесник му посакуваме успешна трка.“
На натпреварите оваа година учествуваа седум универзитети со вкупно 25 скијачи. Натпреварувачите ги претставуваа Универзитетот „Хасан Приштина“- од Приштина, „св. Климент Охридски“ –Битола, Универзитетот ан ЈИЕ, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „ Фан С.Ноли“ од Корча, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Во категоријата жени победник беше Стефанија Талевска од Универзитетот „св. Климент Охридски“ – Битола, проследена од Марина Ташо од Универзитетот „Фан С.Ноли“ – Корча и третото место го освои Вјолца Мемиши од Државниот универзитет во Тетово.
Во категоријата мажи победник беше Дардан Дехари од Државниот универзитет во Тетово, проследен од Дардар Пуповци од Универзитетот во Приштина додека третото место го освои Мартин Мартиновски од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Задоволни од текот на трката во однос на бројот на натпреварувачи и квалитетот, одговорниот за овој натпревар Менан Мемеди рече: „Би сакал да се заблагодарам на претставниците на медиумите кои се секогаш присутни и го следат овој настан, наТуристичкиот центар за приемот на сите учесници на високо ниво и исто така би сакал да се заблагодарам и на другите служби кои придонесоа успешно да се одржат овие натпревари. Ова беше седми предизвик организиран од УЈИЕ, и ние имавме среќа затоа што времето беше сончево иако снег немаше во соодветни количини.Сепак, успеавме да ги подготвиме терените во согласност со соодветните стандарди“.
Општи победници на годинешниот натпревар беа студентите од Државниот Универзитет во Тетово , второто место беше за Универзитетот „Хасан Приштина“ од Приштина и на третото место беа студентите од универзитетот на Југоисточна Европа. Овие натпревари ги собраа заедно на едно место меѓународните натпреварувачи во дисциплината велеслалом и се натпреваруваа на прекрасните скијачки терени на Попова Шапка – Тетово.Организаторот на натпреварот УЈИЕ им врачи медали на најдобрите индивидуални скијачи, додека на победничкиот тим му припадна пехарот.
