Работилницата претставува дел од активностите од проектот во рамките на почетниот грант од Шведската фондација за меѓународна соработка во областа на истражувањето во високото образование (STINT) и се развива во соработка со универзитетот Линеус од Шведска и од Универзитетот на ЈИЕ преку Факултетот за современи науки и технологии.
Целта на работилницата беше анализа на потребите на слепите лица и лицата со оштетен вид во однос на нивниот пристап до дигиталните информации. Дискусијата се одвиваше во правец на истражувањето на можностите за употреба и адаптација на асистивните технологии базирани на веб и мобилни уреди за да се олесни пристапот за оваа маргинализирана заедница во Македонија и во регионов. Учесниците на оваа работилница беа: Факултетот за современи науки и технологии при ЈИЕ универзитетот, Универзитетот Линеус од Шведска, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот во Призрен, Школата за слепи лица од Пеќ, Колеџот „Мустафа Кемал Ататурк” од Гостивар како и невладините организации „Open the Windows” и „Handimak”.
