COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски јазик и литература (2022/2023)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: DE-240
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Дипломиран професор по германски јазик и литература
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение:

Структурата на програмата содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на јазиците, културите и комуникациите, имплементирајќи го овој концепт преку наставната програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која е тесно поврзана со практичната примена во светот на јазикот, културата, уметноста, образованието и комуницирањето.

Главни цели се:

  • Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во образовните, културните, научните установи и организации во земјава и  насекаде низ светот.
  • Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на нивната професија во државниот, приватниот и невладиниот сектор.
  • Да понуди низа модули кои ја опфаќаат основата на знаењата за приближување кон професиите кои помалку или повеќе се поврзани со сферата на образованието и културата.
  • Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за јазикот, литературата во јавните, приватните и  во други организации.
  • Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
  • Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на општествените, образовните, културните и научните организации.
  • Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

Програмата за додипломски студии им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на образованието и  културата, а истовремено ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во последната година на студиите.

Содржината на курикулумот е балансирана комбинација на основно знаење и специфични  професионални  вештини.  Првата  година  е  значајна  за  студентите,  бидејќи е спој на цел спектар на интердисциплинарни предмети. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална оформеност.

Дипломираните студенти ќе стекнат знаења, вештини и компетенции кои им овозможуваат да ги продолжат своите студии на вториот циклус, односно на  магистерски студии по германски јазик, литература и култура (Master of Arts) или да ја започнат својата кариера како наставници по германски јазик во основните и во средните училишта или во приватните училишта. Покрај тоа, преку модулите од областа на лингвистиката, литературата, културата и дидактиката, студентите се подготвуваат да вршат и други активности во: јавната администрација, маркетингот, дипломатијата, јавните и приватните институции, при превод и толкување, зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, понатаму да вршат активности во областа на новинарството и издавачките куќи, меѓународните претпријатија или во туризмот.

Знаење и разбирање
  • Да има знаење и разбирање во областа на германските студии кое се базира врз нивното општо средно образование.
  • Да стекне добри јазични компетенции од германскиот јазик во однос на четирите јазични вештини (зборување, слушање, читање и пишување).
  • Да има познавање и разбирање на културните прашања што се поврзани со земјите што зборуваат германски и  да може да анализира и да го цени критички германскиот јазик, литература, историја, општество и медиуми.
  • Да знае и ги разбира различните периоди и големите автори на литературата на земјите што зборуваат германски.
  • Да има знаења од спектар на наставни стратегии и ресурси, вклучувајќи технолошки алатки за да го поттикне интересот и поддршката за учење на германскиот јазик како странски јазик.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да се компетентни да ги применат своите методолошки вештини во нивната наставна професија во основните и средни училишта.
  • Да се способни да ги применат своите знаења и вештини за официјален судски превод од германски на албански или македонски и обратно.
  • Да го користат германскиот јазик соодветно во различни академски и социјални ситуации.
  • Да конструираат и поддржуваат аргументи и да решаваат проблеми во нивното поле на германската лингвистика, литература, култура и методика. 
Способност за проценка
  • Да можат да анализираат современи прашања и дебати врз основа на нивните јазични, културни и книжевни знаења.
  • Да може да ја оценуваат соодветноста на наставните техники кои вмешуваат различни стилови на учење во училница каде се изучува германскиот јазик како странски јазик.
  • Да оценуваат и анализираат различни литературни текстови водејќи сметка за јазикот, стилот, симболот и метафората.
  • Да споредуваат и разликуваат литературни текстови низ различни времиња и народи.        
  • Да ги соберат и интерпретираат основните лингвистички податоци кои се однесуваат на германскиот јазик.
Комуникациски вештини
  • Ефективно да комуницираат со студенти и ученици во  училница.
  • Да продуцираат и организираат граматички точни изрази и реченици.
  • Да комуницираат на германски во соодветно професионален вокабулар и за специфичната и за неспецифичната публика.
  • Да дебатираат со информирано мислење за различни аспекти на германските културни трендови, мислители и историски настани.
Вештини на учење
  • Да има автономни вештини на учење и е само мотивиран за постигнување на професионалните цели преку независна употреба на автентични материјали.
  • Систематски да развијат продуктивни и рецептивни вештини во контекст на германски студија.
  • Да има способност да развиваразлични наставни техники и материјали  поврзани со наставната средина.

Семестар 1

  • [CGL-102] [6 ЕКТС] Вовед во германска лингвистика
    Целта на предметот Вовед во лингвистика е да понуди еден широк поглед на модерната германистичка лингвистика. Овој предмет треба да даде вовед во проблемите и областите на истражување на науката за јазикот, концептите, методите и резултатите како и на нејзините теории и развои. Во рамките на предметот ќе бидат опфатени следниве теми: јазик, комуникации и семиотика, фонетика и фонологија, графеми и ортографија, зборообразување и флексија, зборовни групи, синтакса; традиционални реченични анализи, зависност и валентност, семантика, прагматика, лингвистика на текстот итн.
  • [CGL-103] [6 ЕКТС] Вовед во студиите на германската литература
    Овој предмет има за цел да ги воведе студентите во гермaнската книжевност, особено во епохите на германската книжевност и култура од средновековието до книжевноста на сегашното време како и во терминологијата на книжевноста воопшто. Во рамките на ова предавање ќе се обработуваат важни автори и дела на различни епохи, жанри и др. Се предвидува вовед и студија на германската книжевност во епохи почнувајќи од епохата на средновековието, хуманизмот, барокот, класиката, романтизмот, експресионизмот и книжевноста на 20. век.
  • [CGL-101] [6 ЕКТС] Современ германски јазик I
    Целта на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво А2/1. Во рамките на овој предмет студентите ќе ги подобрат своите јазични вештини (читање, пишување, зборување, слушање). Покрај тоа, тие ќе добијат информации и впечатоци за германското говорно подрачје. Посебно значење се придава на разговорот, пишувањето, слушањето, читањето и граматиката, со што со завршувањето на предметот студентите треба да покажат основни познавања во овие вештини. Практично студентите ги вежбаат изговорот и интонацијата на зборовите, основната граматика, структурирањето на речениците и основните правила во правописот. Читаат едноставни текстови, дијалози, писма, раскази итн. Учат нови зборови преку обработка на ситуации од секојдневниот живот.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 2

  • [CGL-203] [6 ЕКТС] Современ германски јазик II
    Цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво A2/2. Тоа е продолжение на Современ германски јазик I. Во рамките на овој предмет студентите ќе ги подобрат своите јазични вештини (читање, пишување, зборување и слушање). Покрај тоа, тие ќе добијат информации и впечатоци од германското говорно подрачје и ќе се запознаат со современите случувања во земјите од германското говорно подрачје. Посебно внимание се посветува на главните јазични вештини како што се читање, пишување, зборување, слушање и граматика со користење на учебниците Schritte International 4 и 5. Студентите ќе вежбаат изговор и интонација, основна граматика, структури на реченици и основни правила за пишување. Тие, исто така, ќе читаат едноставни текстови, дијалози, писма, нарации итн. Тие ќе учат нов вокабулар со вежбање на ситуации од реалниот живот.
  • [CGL-204] [6 ЕКТС] Фонетика и фонологија на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е да нуди вовед во различните делови од фонетика и фонологија. Во преден план се физиолошките основи на говорното производство како и артикулационите и акустичните описи и класификацијата на гласовите (консонанти и вокали). Увид во проблемите на транскрипција како и истражувањата на прозодијата кои го заокружуваат материјалот. Во вториот дел се претставени различни описни пристапи на германската фонологија и се дискутира во нивниот досег. Вежбите за фонематика и коартикулација на германскиот јазик како и неговите варијации ја прикажуват нивната имплементација.
  • [CGL-201] [6 ЕКТС] Германската литература на 18. Век
    Овој предмет има за цел да се даде увид во историјата на германската книжевност на 18. век. Oд студентите се очекува да се запознаат со најпознатите автори и дела од овој период со намера да се сфати начинот на мислење и творење германската книжевност во 18. век. Преку овој предмет студентите треба да се оспособат да навлезат во мотивите за интерпретација и создавање на пишани текстови. Со овој предмет студентите ќе ги запознаат европските движења и вредности на литертурата и социјалната состојба ширум Европа. Со овој предмет е предвидена анализа на следниве автори и теми од оваа епоха на германската книжевност: Готшед, Лезинг, Гете и Шилер - Ауфкларунг во историјата на културата во Европа и во Германија. Фазата Sturm-und-Drang -Германскиот класицизам.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CGL-301] [6 ЕКТС] Современ германски јазик III
    Цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво Б1/1. Во рамките на овој предмет ќе се продлабочат претходните знаења и притоа ќе се придаде посебно значење на зборувањето и пишувањето. Пишувањето ќе се вежба и применува преку зададени домашни задачи (есеи, презентации, покани, итн.). Вештините за зборување ќе се вежбаат на час преку работа во група, презентации, реферати, игри, итн. и ќе има дополнителни вежби со цел да се подобри граматиката.
  • [CGL-304] [6 ЕКТС] Морфологија на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими на германската морфологија. На почетокот ќе се дискутираат видовите на зборови (променливи и непроменливи). Во рамките на овој предмет се претставени и поблиску објаснети следните својства на германскиот стандарден јазик: Основни поими на морфологија (морфема, збор, флексија, класификација на видови на зборови), глагол, класификација на глаголите според морфолошки критериум, правилни и неправилни глаголи, класификација на глаголите според синтаксички критериум, полни глаголи и помошни глаголи, класификација на глаголите според семантички критериум, инфинитивна форма на глаголот: инфинитив, партицип 1, партицип 2, време, употреба на временските форми, модални глаголи, пасив, функциите на актив и пасив, модус на глаголот, модални зборови, партикули итн.
  • [CGL-303] [6 ЕКТС] Германската литература на 19. Век
    Главна цел на овој предмет е увидот во историјата на германската книжевност на 19. век. Се очекува студентите да се запознаат со најпознатите автори и дела од овој период со цел да се сфати начинот на мислење и творење во 19 век. Преку предметот студентите треба да се оспособат да навлезат во толкување на различни текстови од овој период и создавање на пишани текстови. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со европските движење и вредности на литертурата и социјалната состојба ширум Европа. Во рамките на овој предмет е предвидена анализа на следниве автори и теми од оваа епоха на германската книжевност на пример поетиката на авторите од епохата на романтизмот и реализмот Kleist, Tieck, Schlegel, Novalis, Hoffmann, Grillparzer, Heine, Büchner, Keller, Fontane Grillparzer, Nestroy, Heine, Büchner, Keller, Fontane.
  • [EGL-401] [6 ЕКТС] Преведување од германски на албански/македонски
    Овој предмет има за цел да студентите да се запознаат со најважните концепти од областа на преведувањето. Главниот фокус на овој предмет е преведување текстови од германски на албански односно македонски јазик. Овој начин на преведување опфаќа преведување на литературни текстови како што се раскази, лектири, новели, романи и поезија итн. Исто така ќе се преведуваат и написи од разни весници и списанија.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучаат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуниција. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Course objectives: - To gain knowledge about the writing process (stages in creating a text). - To approve the standard language norms. - To achieve an academic level for written expressions in Albanian, Macedonian or English, which will apply the previously acquired knowledge of the standard language. - Encourage student motivation for written expressions regardless of text types and forms. - To approve the criteria of textuality, which are essential for a text. - Acquisition of materials search skills (libraries and online resources).
  • [CGL-605] [6 ЕКТС] Преведување од албански/македонски на германски
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најважните концепти од областа на преведувањето. Главниот фокус на овој предмет е преведување на текстови од албански односно македонски на германски јазик и обратно. Овој начин на преведување опфаќа преведување на литературни текстови како што се раскази, лектири, новели, романи, и поезија итн. Исто така, ќе се преведуваат и статии од весници и списанија.
  • [CGL-404] [6 ЕКТС] Синтакса на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими на германската синтакса. Приоритет ќе се даде на структурата на германската реченица. Во рамките на оваа настава ќе бидат третирани следниве теми: основните поими на синтаксата; Што е реченица? Примери од анализата на составот на реченицата, видови на реченици, проста реченица, сложена реченица, поврзувани и додавани реченици, Angauesätze, Attributsätze, Wortstellung, Grammatische KongrUEnz und Satzfeld und Satzklammer. Проблемите на теоријата за валентност, разликата помеѓу Ergänzungen и Angauen, модели на реченицата, валентност на придавки и именки, различни граматички модели. На крајот од семестарот студентите не само што треба да ги знаат најважните поими на граматичката валентност, туку и да ги применуваат, анализираат и контрастивно и правилно да ги употребуваат.
  • [CGL-401] [6 ЕКТС] Современ германски јазик IV
    Цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво B1/2. Во рамките на предметот ќе се совладуваат вештините: слушање, разбирање, читање, и зборување преку работењето со учебникот Schritte international 5. Конверзација на теми од секојдневието, дијалози, куси состави, поедноставни текстови од весници, текстови со празнини, фонетски вежби, вежби за разбирање на говорен текст итн. Исто така, ќе се обработуваат и комплексни граматички структури.
  • [CGL-405] [6 ЕКТС] Германската литература на 20. Век (1900-1945)
    Целта на овој предмет е увидот во историјата на германската книжевност на 20. век. Се очекува од студентите да се запознаат со најпознатите автори и дела од овој период со цел да го разберат начинот на мислење и творење во 20. век. Преку овој предмет студентите треба да се оспособат да навлезат во интерпретација на различни текстови од овој период и да создаваат пишани текстови. Преку овој предмет студентите ќе ги запознаат со книжевни дела и автори како и со литературните жанри на германската книжевноста на 20. век, како епоха на експресионизам, егзил и др.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 5

  • [CGL-501] [6 ЕКТС] Современ германски јазик V
    Целта на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво B2/1. Предметот е продолжение на Современ германски јазик 4. Знаењето треба постепено да се прошири и тоа повеќе граматиката и конверзација. Конверзација и дискусија од читаниот материјал со актуелни теми е многу битен. По завршување на предметот студентите треба да се во можност да формулираат посложени реченици и да разбираат посложени текстови. Јазичните вештини треба и понатаму да се подобрат, посебно зборувањето и составувањето посложени и покомплексни реченици. За различните теми има различни вежби и се проширува вокабуларот.
  • [CGL-504] [6 ЕКТС] Лексикологијата на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на германската лексикологија и лексикографија. Во фокусот на овој предмет се основните концепти на лексикологијата, зборообразувањето, ономастиката, лексикографијата итн. Во рамките на овој предмет се опфатени темите: предмет, задачи и обележување на лексикологијата; позицијата на лексикологијата во системот на лингвистичките дисциплини; зборот како лингвистички знак; науката за зборообразувањето; композиција; деривација; наука за значењето на зборот; структурата на вокабуларот; развивањето на вокабуларот; ономастика; фразеологија и лексикографија.
  • [CGL-503] [6 ЕКТС] Методика на наставата по германски јазик како странски I
    Преку овој предмет студентите ќе добијат преглед по методика на наставата по германски јазик и нејзините релации со сродните дисциплини и методи за наставата по странски јазици: граматички-преводен, директен, аудио-визуелен, аудио-лингвистички, когнитивен метод и комуникативен приод со прагматско-функционалниот и интеркултурниот концепт. Во предметот, исто така, се вклучени алтернативни методи, интеркултурна германистика, фактори на наставата, педагошки принципи, методичко-дидактички принципи, теории на учење, стратегии на учење. Потоа се вклучени и личноста на наставникот, социјални форми, работни форми, комуникативна компетенција и јазични вештини: слушање со разбирање, говорење, читање и пишување. На крајот се испитуваат главните теории на оценување, тестови, стандардизирани тестови и заедничката европска референтна рамка и јазично портфолио.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EGL-505] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EGL-503] Современа германска литература
    • [EGL-506] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [CGL-403] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [EGL-602] Анализа на грешките

Семестар 6

  • [CGL-601] [6 ЕКТС] Современ германски јазик VI
    Целта на овој предмет е студентите да ги совладаат јазичните компетенции на ниво B2/2.Овој предмет е продолжување на предходниот предмет Современ германски јазик 5. Посебно внимание се обрнува на вештините: слушање, разбирање, читање, и зборување преку работењето со учебникот Ziel Kursbuch B2/2 . Врз основа на актуелните и автентичните текстови, видео презентациите, студентите практично ќе вежбаат дијалози и монолози, соодветна спонтана реакција при дискусија итн. Исто така, ќе се вежбаат и формите на одбивање, согласување и одговорите при изразување на мислење и предлози итн.
  • [CGL-603] [6 ЕКТС] Методика на наставата по германски јазик како странски II
    Целта на овој предмет е да даде преглед на методиката на предавањето на германскиот како странски јазик: Типови на наставни часови, планирање, реализација и евалуација. Цели на часот. Тек на наставниот час. Избор, градација и презентација на материјалот. Граматичка прогресија. Избор и прогресија на теми и на лексиката. Помошни средства и медиуми во наставата. Во рамките на овој предмет се вклучени хоспитации од 10 часа на часовите по германски јазик во основните, средните училишта, гимназиите или други образовни институции. Секој студент во текот на овој семестар треба самостојно да одржи 3-4 модел-часови и еден практичен час (испит). На овие часови треба да се имплементираат сите диференцирани и целосни теоретски и практични знаења што се усвоени во текот на претходните семестри.
  • [CGL-602] [6 ЕКТС] Граматика и предавање на граматиката
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најважните граматички карактеристики и правилата на германскиот јазик (особено во областа на морфологијата и синтаксата на германскиот јазик). Овие знаења се суштински за наставниците по германски како странски јазик, кои се соочуваат и се справуваат со прашањата на применувањето и специфичните анализи на овие граматички феномени и нивната конкретна дидактизација.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EGL-505] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EGL-503] Современа германска литература
    • [EGL-506] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [CGL-403] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [EGL-602] Анализа на грешките

Семестар 7

  • [C2167] [6 ЕКТС] Рецептивна и продуктивна текстуална компетенција I
    Целта на овој предмет е да се развие рецептивната и продуктивна компетентност во усното и писменото изразување. Проширување и консолидација на морфолошка, синтаксичка, семантичка и стилска компетенција со цел развој на преведувачките вештини. Исто така, цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво Ц1/1.
  • [CGL-702] [6 ЕКТС] Зборообразувањето на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими на германското зборообразување. Пред сѐ ќе се третираат следниве теми: поим, предмет, задачи и методи. Зборообразувачки теории: местото на зборообразувањето во граматиката, почетоците на зборообразувањето во германскиот јазик, зборообразувачки единици, процеси и видови. Зборообразувачки обрасци на комплексните германски именки, глаголи, придавки и прилози наспроти албанските и македонските; активни и неактивни обрасци, лексиконски и текстуални зборови (оказионализми).
  • [MCGR3010] [6 ЕКТС] Контрастивна лингвистика
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најважните концепти на контрастивната лингвистика. Со контрастивната лингвистика се изучуваат сличностите и разликите меѓу различни јазици (интерлингвална перспектива) и во еден јазик (интралингвална перспектива; на пр.: аспекти на германскиот јазик во Германија, во Австрија и во Швајцарија). Принципиелно можат да се појават кои и да било јазични парови и карактеристики од сите области на јазичната структура (фонологија, морфологија, синтакса, прагматика, лексикон итн.). Предавањата вклучуваат преглед за различните фази и полиња за истражувањето на контрастивната лингвистика и ова ја поврзува со критичната рефлексија на нејзината улога во јазичната дидактика. Потоа за јазичните парови германски–албански и германски–македонски преку примери ќе се споредуваат најважните фонолошки, морфолошки, синтактички и прагматични структури. Покрај тоа ќе се дискутира за користењето на стекнатите знаења во општата лингвистика, теоријата на изучувањето на јазик и на дидактиката. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EGL-505] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EGL-503] Современа германска литература
    • [EGL-506] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [CGL-403] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [EGL-602] Анализа на грешките
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [EGL-605] Практикум
    • [EGL-504] Швајцарска и австријска цивилизација
    • [EGL-403] Анализа на книжевните текстови
    • [EGL-302] Нова германска ортографија
    • [EGL-303] Креативно пишување

Семестар 8

  • [C2168] [6 ЕКТС] Рецептивна и продуктивна текстуална компетенција II
    Целта на овој предмете студентите да развијат рецептивната и продуктивна компетентност во усменото и писменото изразување. Проширување и консолидација на морфолошка, синтаксичка, семантичка и стилска компетенција со цел развој на преведувачките вештини. Исто така, цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво Ц1/2.
  • [EGL-601] [6 ЕКТС] Историја на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими и текови на Индогерманскиот и Германскиот јазик. Готскиот јазик како претставник на германскиот прајазик. Прво померување на консонантите. Акцент. Вернеров закон. Вокали. Аблаут. Конјугација на глаголите. Поделба на именките. Флексија на придавките. Старо-високо-немски. Одлики (второ померување на консонантите, хармонија на вокалите: примарен умлаут, премин на e во i;. премин на i во e и на u во o и др.). Обработка на песната за Хилдебранд. Средно-високо-немски. Одлики (слабеење на вокалите во ненагласен слог, секундарен умлаут, премин на sk во sch и др.). Обработка на песната за Нибелунзите. Рано-ново-високо- немски. Одлики (дифтонгизација, монофтонгизација, продолжување, скратување, лабијализација, делабијализација, спуштање, подигнување на вокалите итн.). Дејноста на Лутер.
  • [MCGR3012] [6 ЕКТС] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со најважните концепти и модели на методиката и дидактиката на германскиот како странски јазик на универзитетско ниво. Исто така, ќе се читаат и ќе се дискутираат најактуелните и најважните методолошко-дидактички дебати на денешницата. На крајот на семестарот студентите ќе можат: - Да покажат широко знаење и разбирање за развојот, тековите и за актуелните тенденции на методиката на наставата по германски како странски јазик, односно за корелација и интеграција на содржини од компатибилни наставни предмети: јазик, лингвистика, културологија, литература и други помалку компатибилни наставни содржини. - Да ги применуваат своите знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и да ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа од методика на наставата по германски како странски јазик. - Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област. - Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област. - Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EGL-505] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EGL-503] Современа германска литература
    • [EGL-506] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [CGL-403] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [EGL-602] Анализа на грешките
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [EGL-605] Практикум
    • [EGL-504] Швајцарска и австријска цивилизација
    • [EGL-403] Анализа на книжевните текстови
    • [EGL-302] Нова германска ортографија
    • [EGL-303] Креативно пишување
Google+