Катедрата за англиски јазик и литература е најголемиот јазичен оддел на Универзитетот нa ЈИЕ со 14 вработени со полно работно време и постои од основањето на Универзитетот нaЈИЕ во 2001. Катедрата функсионира како дел на Факултетот за јазици, култури и комуникации. Катедрата за англиски јазик нуди додипломски студии (БА) за англиски јазик и литература во тригодишна програма која го следи европскиот модел на 180 ECTS. Одделот нуди и последипломски студии по подучување на англиски јазик во вториот циклус кој може да биде завршен во рок од 2 академски години. Покрај тоа, од 2012/2013 англиската Катедра ќе нуди и докторска програма.По завршување на оваа програма студентите ја стекнуваат титулата доктор на филолошки Ннуки во областа на англиските студии. Оваа програма е фокусирана, пред сѐ на лингвистика, литература, култура, превод, методологоја за подучување на англиски како странски јазик(EFL). Со тим од локални професори и професори на кои англискиот им е мајчин јазик кои се најдобро кваликувани да предаваат со користење на најсовремените методи, нашата катедра е мошне почитувана во регионов и го нуди најдоброто од современата јазичка настава. Квалитетот на нашите јазични одделенија во рамките на Факултетот за јазици, култури и комуникации се рефлектира во ставањето на Универзитетот нaЈИЕ на второт место во националното рангирање на Македонија.
Докторската програма следи еден иновативен дизајн кој поддржува оригинално истражување заедно со изборните предмети поврзани со предметот кои ќе го предлабочат постојното знаење на студентите во оваа област.Сите предавачи вклучени во докторската програма се искусни истражувачи со докажани публикации од областа на англиската книжевност, лингвистика и подучување на англискиот јазик. Програмата им овозможува на студентите да следат една структурирана патека на академскиот развој со можности да ги презентираат резултатите од истражувањето и да ги објавуваат научните трудови во параметрите на програмата. Студентите ќе имаат корист од можностите за интеракција со врсниците и колегите при што идеите можат да бидат тестирани и развиени. На овој начин, вклученоста во докторските студии за англиски може да биде вреднувано и како искуствен предизвик.
Успешните студенти на докторската програма по англиски може да очекуваат да имаат широк спектар на наставни можности кои им се достапни во третиот степен на средно ниво (средно училиште). Всушност, само носителите на квалификацијата доктор на науки ќе бидат во можност да предаваат на ниво на универзитет во секторот на високото образование после 2015.Меѓутоа, опциите за кариера не се ограничени на академски професии и успешните студенти можат да изберат да влезат во голем број други области, вклучувајќи: државна администрација, дипломатска служба, работење за невладини организации во сферата на културната политика и културното посредување исто така и во работа како преведувачи и толкувачи; или во областа на медиумите и во издавачките куќи; или во меѓународните корпорации или туризам.
Знаење и разбирање
- Покажува систематско разбирање на избраното поле на истражување и перфектно знаење на методите и вештините на истражување.
- Демонстира специјалистичко знаење на применетата лингвистика, англиската книжевност, култура и цивилизација на земјите што зборуваат англиски.
- Има професионално знаење и разбирање на главните трендови на методологијата на учењето на нглискиот јазик на второто и третото ниво.
- Стекнува академски капацитет за независно академско истражување.
Примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност да толкува, да дизајнира, да примени и да прилагодува неопходен предмет на истражување со научен интегритет.
- Придонесува со оригинални истражувања кои ги пречекоруваат постојните граници на знаење, развива ново знаење, оценувано на национални и интернационални настани.
- Употребува академски англиски во пишувањето и во зборувањето на научен начин со намера да пренесува нови идеи и пронајдоци.
Способност за проценка
- Покажува способност за критична анализа, за евалуација и за синтеза на нови комплексни идеи.
- Покажува способност за независно да иницира и да партиципира на национални и интернационални истражувачки мрежи и случувања.
- Покажува способност независно да иницира истражување и проекти на развој со кои новото знаење ќе придонесува на истражувачкото поле.
- Може да направи комплексни методолошки процени во дизајнирање на истражување и анализа во сферата на студиите на англиски јазик и литература.
Комуникациски вештини
- Може да комуницира со своите колеги/ колешки, со пошироката академска заедница и целото општество за избраната сфера на експертиза.
- Покажува комуникациска компетенција во училницата во врска со менаџирањето на училницата во второ и трето ниво.
- Покажува способност да одржува јасност на англискиот јазик во дискутирање на комплексни идеи на пишувана и вербална форма.
Вештини на учење
- Да биде способен да се промовира во еден академски професионален систем.
- Во состојба е да го унапредува своето истражување со технолошката, социјалната или културната рамка на општеството базирано на знаење.
- Независно може да го истражува кој и да било предмет поврзан со неговото/ нејзиното поле употребувајќи учење и истражувачки способности
Семестар 1
-
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да им се помогне на студентите да развиваат истражувачки способности кои се потребни за развивање, имплементирање и за комплетирање на нивните докторски истражувачки проекти. Преку предметот, студентите ќе учат за филозофските и историските етапи на развивањето на методологијата на истражување, после тие ќе ги испитуваат квалитативните истражувачки методи, разликите меѓу квалитативниот и квантитативниот истражувачки метод, етичките прашања на истражувањето и техниките на квалитативно истражување. Во оваа смисла, тие ќе бидат запознаени со техниките како што се: етнографско истражување, опсервација, интервју, испитување, фокусни групи и слични методологии. Во рамките на овој предмет опфатени се следниве теми: дефинирање на темата, библиографија, правила на цитатите, организирање на работата и структурата на тезата
-
[10 ЕКТС]
Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
Овој модул на напредно ниво на подучување на јазикот има за цел да ги поттикне студентите да размислуваат за односот меѓу теоријата и сопствената наставна практика. Целта на овој модул е да се продлабочи компетентноста на студентите во некои од клучните области на јазичното образование, вклучувајќи: методика на подучување базирана на студенти, учење базирано на задачи, интеракција во училница, професионален развој на наставниците во подучување на јазикот, современи технологии во подучувањето на јазикот, критични прашања (социјални, политички) во подучувањето на јазикот
-
[10 ЕКТС]
Пишување на докторската дисертацијата
Студентите од третиот циклус на студии се воведуваат во научноистражувачка работа на студии и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за докторската дисертација. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни и современи методи.
Семестар 2
-
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одборување на планот за докторската дисертација
Студентите од третиот циклус на студии се воведуваат во научноистражувачка работа на студии и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за докторската дизертација. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни и современи методи .
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 2
-
Социолингвистика и јазикот на образованието
Преку овој предмет студентот се запознава основните концепти и со темите на социолингвистиката: варијанти на јазикот, лингвистички варијации и промени, варијабли на говорникот, социјална мрежа и говорна заедница, анализа на дискурсот и етнографија на комуникацијата како и на јазикот и полот. Предметот е фокусиран на варијација на лингвистичките системи и на улогата на говорниците во имплементирањето и ширењето на јазичните промени. Импликациите од овие идеи за такви области како што се јазикот и образованието се обработуваат. Следниве апликации на социолингвистиката ќе се разгледуваат: јазичната политика и планирање; односите меѓу јазикот и општеството; јазичниот контакт; тековните истражувања, дебати и идеи од различни традиции во социолингвистика.
-
Напредна академска композиција
Главните цели на овој предмет се стекнување јасен академски стил на пишување и за подобрување на структурата и доследноста на текстови и параграфи. На граматичката точност и проширувањето на вокабуларот подеднакво им се обрнува внимание. По воведувањето на општиот академски стил и вокабулар, овој предмет се фокусиран на различни делови на научни трудови (апстракти, испитување на литература, воведувања, излагања, дискусии, заклучоци). Голем дел од овој предмет е посветен на критичното разгледување на писмената работа на учесниците на предметот. Притоа ќе обрне внимание на развојот на речникот, со посебен фокус на нијанси меѓу синоними во глаголски времиња и модални глаголи и ќе се освежат студентските знаења на јазикот
-
Шекспир и неговото време
Во рамките на овој мудул ќе се истражуваат пет до шест клучни текстови на Шекспир од широк спектар на преспективите, вклучувајќи извори и прекурзори, контекстите на производство и рецепција и претставите "afterlives" во печат, како и работата на другите писатели. Ќе се истражува како драмите дојдоа во постоење, како тие го постигнале својот уникатен статус во англиската литература и култура, и како доминацијата на Шекспир била предизвик и продолжува да биде. Се обраќа поголемо внимание на одредени можности на театарот како начин на културна продукција. Затоа, внимание ќе му биде посветено на развојот на драмскиот жанр, интеракцијата помеѓу различни драматурзи, а преку испитување на други видови на текстови напишани во периодот (памфлети, поезија и еден превод на една класична драма) и на врските меѓу драмите и прашањата кои ја преокупираат современата публика.
-
Книжевна теорија
Во рамките на овој модул се опфаќаат критички и теоретски пристапи за литературни и филмски студии, вклучувајќи ја работата на авторството, текстови и читање, идеологијата и моќта, полот, сексуалноста, расата, местото и постколониализмот. Притоа ќе се следи промената во теорискиот дискурс од либерално-хуманистичките перспективи во почетокот на дваесетиот век и ќе се анализираат разните облици на постструктурализмот и постмодернизмот. Теориите на дискусија ќе вклучат деконструкција, сорти на феминизмот, теории на „другите" и постколинијални дискурси, смртта на авторот и теориите на прием на читателот. Се охрабруваат студентите да го признават дијалогот и несогласувањето во рамките на теренот и ги воведува основните правила за унапредување во дисциплината на книжевните студирања.
-
Изучување на странските јазици
Целта на ова предавање е докторантите да ги запознае со проблемите на теоријата на изучувањето на странските јазици, со различните аспекти на изучувањето на јазикот како и со методолошкото знаење на емпириското истражување во полето на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој предмет ќе се објаснуваат битните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пр. Контролирано - неконтролирано - мешано), начини на билингвизам, односно на повеќејазичноста; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2- стадиум на изучување на јазиците, за латерализација итн., социолингвистички пристап (симплифициран регистар, codeswitch итн.); индивидуални варијабилности како возраста или когнитивен стил; проширени концепти, како на пр. психологијата на споредба на културите. Преку овој курс се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
Мултикултурализам
Целта на овој предмет е да студентите да ги стекнат клучните вештини кои ќе им овозможат на дипломираните студенти и на идните наставници да развијат мултикултурен пристап кон образованието. Соодветните стратегии за развој на мултикултурното образование во Македонија ќе бидат анализирани, врз основа на можностите понудени од големите меѓународни модели во оваа област, како и врз основа на научна литература. Студентите ќе стекнат теоретска основа и стратегии кои ќе им помогнат да развиваат практика на мултикултурно образование и им се овозможува да се одразуваат за нивните наставни стратегии и практики од една мултикултурна перспектива. Прашањата што се опфатени во рамките на овој предмет се следниве: интеркултуралност и идентитет: концепции за предрасудите за себеси и 'другите', стереотипи и далечина. Преку овој предмет ќе се упати на прифаќање на интеркултурните парадигми во образованието со цел да се олесни едно плуралистичко општество, за почитување на човековите права, за граѓанско образование на малцинствата вклучувајќи го јазичкото образованието.
-
Меѓународна комуникација
Предметот се фокусира на развојот на оние меѓународни комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладаат процесот на анализа на различни меѓународни комуникациски ситуации, како и соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и меѓународната комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет 1

Семестар 3/4
Насока: |
Semester 3 / Semester 4 |
-
[40 ЕКТС]
Научноистражувачка работа
Студентите од третиот циклус на студии се воведуваат во научноистражувачката работа на студиите и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за докторската дисертација. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни и современи методи.
-
[20 ЕКТС]
Публикации I
Кандидатот низ процесот на следењето на студиите за докторат, особено низ подготовката на докторската дисертација, треба да објавува интегрални делови од дисертацијата во разни научни списанија. Исто така треба да презентира делови на трудот во форма на научно излагање низ разните научни конференции и нив да ги објавува.
Семестар 5
-
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
Главна особина на презентацијата на резултатите од истражувањето во третриот циклус на студии се состои од оригиналниот придонес за стекнатото знаење. Истражувањата околу докторската дисертација се доказ со кој се потврдува дека истражувачот вложил оригинален придонес во областа која ја одбрал. Резултатите од истражувањето треба да докажуваат две главни работи: дека кандидатот идентификувал еден значаен проблем за кој сѐ уште не е даден одговор или го разрешил проблемот или дал одговор за ова прашање.
-
[10 ЕКТС]
Публикации II
Во рамките на својата дејност и успешна работа и активност, кандидатот треба да развива и да потпомага најразлични публикациски активности во своето идно усовршување и развој со цел да постигне поголема ефикасност на полето на науката и истражувањето. Поради тоа, сите трудови и одделни теми од докторската дисертација, како и научните трудови со кои се учествува на различни симпозиуми и семинари, годишните зборници, заедно со сите писмени материјали приготвени од кандидатот се публикуваат.
Семестар 6
-
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Работата во докторската дисертација им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на докторската дисертација. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат докторската дисертација со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено во оваа етапа е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на дисертацијата, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.