Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конференција Река и Албанците од Горна Река

На 14 декември 2013 се одржа научната конференција Река и Албанците од Горна Река организирана од Институтот за научно истражување Макс ван дер Штул – Универзитет на Југоисточна Европа и од неколкумина универзитетски професори кои по потекло се од Река и од регионот Маврово и Леуново.

Според организаторите, преку оваа конференција се откриваат важни теми од албанскиот регион, кои треба да се проучуваат од различни аспекти, историски, лингвистички, антрополошки, културни, етнографски, економски итн.

Конференцијата во името на УЈИЕ ја отвори директорот на Институтот за научно истражување, проф. д-р Ветон Латифи кој забележа дека повеќе од кога и да било потребни сенаучни ангажмани со кои ќе се дојде до документирани факти. „Во оваа фаза се потребни повеќе оригинални факти кои не се политички инструментализирани и кои се јавуваат од дискусиите од научните истражувања, а кои можат да бидат појдовна точка за научна дебата во однос на идниот развој на општеството и на нацијата воопшто“, рече Латифи.

Еден од организаторите на конференцијата, проф. д-р Насир Селими ја оцени конференцијата како вистинска. „За проучување, анализирање и за истражување на Горна Река, провинција која била запоставена, но многу богата со вредности, обичаи, јазици и со многу славна историја, јас сметам дека треба да се анализира од сите научни агли. Оваа конференција отвора ново поглавје за изобилството на вредности во овој регион“, истакна Селими. Проф. д-р Али Пајазити рече дека чекор по чекор ние успеавме да ги собереме на едно место луѓето од науката и знаењето кои објективно пристапуваат на оваа област.

Со свое присуство и учество конференцијата ја удостоија заменик-претседателот на македонското собрание г-ѓа Сузана Салиу, проф. Неџат Мемеди, градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Лата, ректорот на Кралскиот универзитет – Илирија во Приштина, проф. д-р Миџаит Речи, претседателот на Исламската заедница во Гостивар, Шаќир Фетаху и други претставници од релевантни институции во Македонија и пошироко. Вреди да се напомене дека главен придонес за оваа конференција даде г. Расим Зуфери, предавач во УЈИЕ.

Повеќе вести

Google+