За време на посетата на Универзитетот на Југоисточна Европа, професорот Лофтон оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Садудин Ибраими, како и со советничката за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.
На средбата се разговараше за значењето на меѓуинституционалната соработка, размената на академски и професионални искуства, како и за можностите за унапредување на соработката во областа на високото образование и правото.
