Меморандумот го потпишаа ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, и претседателката на ХЕРА, г-ѓа Румена Којчевска-Ѓердовска, потврдувајќи ја посветеноста на двете институции за поврзување на академското знаење со практичната работа.
Оваа соработка има за цел да ги зајакне академските и истражувачките капацитети во областите како што се: психологијата, јавната администрација, јавните политики и политичките науки, со посебен акцент на прашањата за родово базираното насилство, социјалната инклузија и заштитата на човековите права.
Во рамките на овој меморандум, на студентите на УЈИЕ ќе им биде овозможена реализација на практична настава и студиски посети во советувалиштата на ХЕРА, додека академскиот кадар ќе биде вклучен во заеднички професионални, истражувачки и едукативни активности. Дополнително, двете страни ќе соработуваат во организацијата на јавни и научни настани, како и во аплицирањето и имплементацијата на домашни и меѓународни проекти
