Овој меморандум за соработка се потпиша за да се продлабочи соработката меѓу Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и шесте универзитети во Република Македонија со цел да се подготват заеднички истражувачки проекти, дебати , предавања и заеднички апликации за финансирање на истите во земајва и надвор.
Меморандумот опфаќа соработка во четири области и тоа соработка и изработување заеднички проекти за истражување, дебати и предавања и заедничко аплицирање на нивно финансирање во земјата и во странство, стажирање на студенти во Секретаријатот кои поседуваат образовни програми во доменот на евроинтеграциите, доделување стипендии за државни и јавни службеници од областа на ЕУ и евроинтеграцијата и отворање ЕУ-инфо катчиња на универзитетите.
