Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија оствари средба со ректорот Дика

Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Македонија, Аиво Орав во седиштето на ЕУ во Скопје во вторникот (21 јануари 2014) се сретна со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика.

На состанокот тие дискутираа за можностите за интензивирање на соработката во областа на високото образование и научното истражување .

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика го информираше амбасадорот Орав за најновите развојни процеси и напредокот на Универзитетот и за новините во академската понуда на Универзитетот на ЈИЕ.Ректорот Дика исто така изрази и подготвеност за понатамошна соработка во развојот на високото образование во Република Македонија и во регионов.

На состанокот присуствуваше и директорот на Институтот за научно истражување „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ, проф. д-р Ветон Латифи кој го информираше амбасадорот на ЕУ за активностите и плановите за развој на капацитетите за научно истражување и претстави некои од идеите за можностите за понатамошна соработка.

Google+