Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа ќе реализираат стажирања во меѓународната компанија Џонсон контролс. Со меморандумот за соработка кој се потпиша во вторник (17.12.2013) од ректорот проф.д-р Замир Дика и менаџерот на компанијата Џонсон контролс Макрам Гриби се формализира ова и некои други прашања за меѓународна соработка .
„Интересот е взаемен и студентите ќе имаат најголема корист затоа што ќе го реализираат стажирањето во оваа меѓународна компанија,“ рече ректорот Дика.
Менаџерот Макрам Гриби рече дека „студентите ќе имаат можности за обука за да се запознаат со најнапредната технологија и со начините за работа во компанијата “.
