Во сабота, (6 јуни 2009 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, во свечена атмосфера, голем број на родители, студенти и гости имаа можност да бидат дел од уникатниот начин на промоција на дипломците од генерацијата 2006/2007. " /> Во сабота, (6 јуни 2009 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, во свечена атмосфера, голем број на родители, студенти и гости имаа можност да бидат дел од уникатниот начин на промоција на дипломците од генерацијата 2006/2007. ">

COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промоција на петтата генерација дипломци на ЈИЕУ - 2006/2007

Во сабота, (6 јуни 2009 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, во свечена атмосфера, голем број на родители, студенти и гости имаа можност да бидат дел од уникатниот начин на промоција на дипломците од генерацијата 2006/2007.

Помеѓу истакнатите гости кои беа присутни на церемонијата беа и амбасадорот на САД во Р. Македонија, НЕ Филип Т. Рикер , Одговорниот на делегацијата на Европскта Комисија и специјален претставник на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, министерот за економија на РМ , Фатмир Бесими, Министерот за образование и наука на РМ, Перо Стојановски, претставници од локалната самоуправа, градоначалникот на општина Гостивар Руфи Османи, претставници од Државниот Универзитет во Тетово и други истакнати гости.

Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази , во неговото обраќање до студентите рече: “Овој ден е еден посебен ден за вас, за вашите семејства и за сите нас, двигател на развојот на вашата иднина, но и на нашето општество”.

Ова е пораката на Ректорот до студентите: ,,За кратко време вие ќе станете професионалци што, без сомнение, ќе ја пополните празнината во пазарот на трудот и ќе придонесете за приближување до европските стандарди и институции. Вие, како нова генерација, ќе бидете подготвени да се соочувате со конкуренцијата и со предизвиците на современиот развој и интеграцијата”.

Во поздравниот Амбасадорот на САД , Филип Т. Рикер, беше срдечно поздравен, кој во оваа прилика зборуваше за двата поздравни говори на Државниот секретар Хилари Клинтон. Првиот говор таа го напиша кога дипломираше на Колеџот Весли. Вториот беше пред неколку недели на Универзитетот Њујорк.

Амбасадорот Филип Т. Рикер рече дека таа тогаш зборуваше за празнината помеѓу ,,очекувањето и реалноста,” помеѓу вистинскиот свет надвор од универзитетот и оној каков што го посакуваме. По четириесет години, речиси на ист ден, Секретарот Клинтон зборуваше на стадионот на Јенки за време на церемонијата на дипломираните од Универзитетот Њујорк. Таа спомена дека 700,000 меѓународни студенти минатата година дојдоа да студираат во САД ,,Студентката од ЈИЕУ, Енеида Алиманова ќе ги започне магистерските студии под Фулбрајт програмата следната година на Универзитетот Орегон . Таа ќе биде првата студентка од ромската заедница од Македонија која ќе биде дел од оваа програма. Ректоре Абази, вие и вашиот Универзитет треба да сте горди за поддршката на нејзиното образование ”, рече Амбасадорот Рикер.

Претседателот на Одборот на ЈИЕУ, д-р Денис Фарингтон рече ,,На денешен ден – 6 јуни, се сеќаваме на илјадници американски, британски, канадски и француски млади луѓе, некои помлади и од вас, кои ги дадоа своите животи во Нормандија, на овој ден пред 65 години со цел Европа да биде слободна. Сигурен сум дека вие тука го научивте тој дух на толеранција и меѓусебно разбирање за кој тие се жртвуваа.”

Министерот за образование и наука на РМ, Перо Стојановски во неговиот поздравен говор рече дека ЈИЕУ е модел на високообразовна институција. Овој Универзитет е првиот Универзитет во земјава кој од оваа година ќе понуди двојни дипломи во соработка со престижни европски универзитети, со што го задржува епитетот –лидер во регионов.

Церемонијата на дипломираните на петата генерација на ЈИЕУ беше организирана во два дела, во првиот дел беа дипломците од Факултетот за бизнис администрација, Факултетот за современи науки и технологии и Факултетот за јазици, култури и комуникација.

Во вториот дел на церемонијата беа дипломците од Факултетот за јавна администрација и политички науки и Правниот факултет.

,,Постојат многу причини поради кои денес треба да се слави”. Ова беше почетокот на поздравниот говор на Шефот на делегацијата на Европската комисија и специјалниот претставник на ЕУ во Македонија , Ерван Фуере, кој беше поканет говорник во вториот дел.

,,Првата причина е вашето лично достигнување во оваа фаза во вашите животи. Втората причина е вашето дипломирање на Универзитетот на Југоисточна Европа”.

Амбасадорот Фуере во неговото излагање истакна : ,,Овој Универзитет е жив симбол на она кон што оваа земја има аспирации да биде мултиетничко општество базирано на толеранција и взаемна почит ”.

Традиционлано и оваа година се избраа најдобрите студенти на генерацијата: Мајлинда Хаџиу од Факултетот за современи науки и технологии и Александар Сотировски, од Правниот факултет.

Уметничкиот дел од церемонијата беше збогатен со хорот од Тетово и д-р Агим Пошка кој ја испеа песната на универзитетот ,,Гласот на знаењето.”

Google+