Група студенти од студиската програма Информациски системи и менаџмент на Факултетот за бизнис и економија, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, во среда ( 4 декември, 2013) организираа видео- конференција со студентите од Универзитетот во Болоња – Кампусот Форли. Видео конференцијата ја организираа професорите Јетон Мазлами и Брикенд Азири.
Целта на оваа конференција беше нашите студенти да се запознаат со програмата „Симулимпреса“ – како да се креира и да се организира симулација на компанија со студенти. Оваа тема пробуди голем интерес меѓу студентите што резултираше со проактивни дискусии со групата студенти од Кампусот Форли. Студентите беа задоволни и оваа форма на комуникација ќе продолжи и во иднина со цел да се приближат западните вредности меѓу нашите студенти.
