Познати научници од различни универзитети од Македонија, Албанија, Косово и од неколку други држави дебатираа за социлингвистиката на Втората меѓународна научна конференција која се одржа во петокот (1 ноември 2013) на Универзитетот на ЈИЕ на тема „Перспективите и состојбата на денешната социолингвистика“.
Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика во својот говор на отворањето на конференцијата меѓу другото рече: „Дебатите како што е денешнава придонесуваат за лингвистичката комуникација со заедницата и со различните заедници и се докажува старата изрека на истакнатиот научник Еќрем Чавеј местото каде што се населуваа Албанците на Јадранското и на Јонското Море ја одредуваа историската судбина на јазикот и на културата“.
Поздравен говор на конференцијата имаше и деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација Бенџамин Китинг. Тој високо ја оцени конференцијата и истакна дека „јазикот е белегот на секој од нас и според јазикот кој го зборуваме другите препознаваат од каде сме“.
Академикот Емил Лафе во својот говор рече: „Почестен сум што денес сум во центарот на албанското знаење и култура. Овој Универзитет е пример за другите универзитети по важноста која ја дава на науката и на научното истражување“
Во однос на темата на конференцијата зборуваа и проф. д-р Зеќир Кадриу, проф. д-р Мустафа Ибраими, проф. д-р Хамит Џафери, проф. д-р Веби Беџети и г. Демуш Бајрами.
Конференцијата продолжи со работа во пленарни сесии каде што учесниците ги презентираа своите трудови.