Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ беше промовирана збирката на академик Есат Ставилеци

Познатиот академик од Косово, Есат Ставилеци, во четврток во присуство на голем број студенти и кадар од УЈИЕ ја промовираше збирката во која се опфатени 20 книги.

Проректорот за истражување на Универзитетот на ЈИЕ и еден од промоторите на оваа збирка, проф.д-р Блерим Река рече дека она по што е посебна оваа збирка е меѓусебната поврзаност на три различни категории од неговите книги по што и неговата научна мисла е уникатна.

Во текот на говорот за кој Ставилеци рече дека нема да биде поздравен, меѓу другото истакна „Денес јас сум посебно емотивен во оваа средна каде што сум поминал дел од мојот живот со колегите кои се дел од кадарот на Универзитетот а со кои сум работел заедно. Доминантни теми во збирката се : косовското прашање и албанското прашање, но исто така и теми од областа на историјата , правото итн.“

Вториот промотор доц.д-р Агни Алиу рече дека „Академик Есат Ставилеци е познато име во Албанската наука и неговите дела зборуваат за неговата посветеност кон решавањето на албанското прашање“

Дваесетте книги на академик Есат Ставилеци се поделени во три главни категории имено: социјални, политички и историски студии, универзитетски учебници и научни истражувања.

Во текот на промоцијата имаше и многу интересна дебата меѓу студентите, академскиот кадар и академикот Ставилеци.

Google+