Со заедничка работилница одржана во сабота ( 30 мај 2009 година), Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Лондонскиот факултет по економија, ја промовираа конкретната соработката помеѓу двата реномирани универзитети.

Работилницата беше организирана во функција на промовирање на соработката помеѓу ЈИЕУ и London School of Economics, за новата студиска програма од прв циклус – додипломски (како дел од академска понуда) во областа на Информациските системи и менаџментот, според концептот на двојна диплома.

" /> Со заедничка работилница одржана во сабота ( 30 мај 2009 година), Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Лондонскиот факултет по економија, ја промовираа конкретната соработката помеѓу двата реномирани универзитети.

Работилницата беше организирана во функција на промовирање на соработката помеѓу ЈИЕУ и London School of Economics, за новата студиска програма од прв циклус – додипломски (како дел од академска понуда) во областа на Информациските системи и менаџментот, според концептот на двојна диплома.

">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Со ЈИЕУ добивате и диплома од Лондонскиот Универзитет

Со заедничка работилница одржана во сабота ( 30 мај 2009 година), Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Лондонскиот факултет по економија, ја промовираа конкретната соработката помеѓу двата реномирани универзитети.

Работилницата беше организирана во функција на промовирање на соработката помеѓу ЈИЕУ и London School of Economics, за новата студиска програма од прв циклус – додипломски (како дел од академска понуда) во областа на Информациските системи и менаџментот, според концептот на двојна диплома.

Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, рече дека студентите кои успешно ќе ја поминат оваа програма ќе се здобијат со две валидни дипломи: една од ЈИЕУ и другата од познатиот Универзитет од Лондон - London School of Economics.

„Оваа е посебна можност во регионов и пошироко, бидејќи преку надворешна програма на Лондонскиот Универзитет, се овозможува цената на студирање да биде привилегирана за нашите студенти“, рече ректорот Абази.

„ЈИЕУ има капацитети да организира и имплементира престижни меѓународни студиски програми бидејќи е еден од најкомплетните универзитети како според академските програми така и според инфраструктурата. Оваа беше и причината зошто го избравме овој универзитет за понуда на заеднички студиски програми“, рече г-ѓа Розмари Гозлинг.

London School of Economics е на ист ранг со Универзитетот во Харвард, и се наоѓа на листата на врвните универзитети.

Google+