„Клучната карактеристика на интегрираните додипломски студиски програми ориентирани кон практика е наизменична тримесечна фаза во која студентите го учат теорискиот дел на Универзитетот на ЈИЕ и добиваат практична обука од компанијата, од банката или од институцијата“ истакна германскиот експерт за овие студии, проф. Норберт Маркс.
Покрај професорите од Универзитетот на ЈИЕ во предавањата ќе бидат вклучени и визитинг професори од меѓународни универзитети и технички и деловни колеџи како и експерти со специјализирани знаења од различни области. Со ова се осигурува високо ниво на академски студии како и предавања ориентирани кон практика.
Можностите за идна кариера на студентите се извонредни: приближно 100%од студентите по дипломирањето потпишуваат договор за вработување со компаниите, банките или институциите.
Универзитетот на Југоисточна Европа е првиот универзитет во Република Македонија кој нуди интегрирани студиски програми со помош на Германската влада.
