Во текот на овој ден тие имаа можност да се запознаат со процедурите, технологијата, професорите и со текот на студиите.
Во рамките на ориентациониот ден, проф. д-р Ендру Гудспид - Провост имаше воведен говор, на кој меѓу другото рече: „Тука ги имате најдобрите можности за учење во Јужен Балкан.Вашите Професори ќе ви помогнат на најдобар можен начин со нивните способности.Вашиот успех ќе зависи од вашите напори. Ако работите напорно и со дисциплина ќе успевате“
Факултетитеимаа презентации со цел да ги запознаат студентите на магистерските студии со различните академски услуги.
