Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Потпишан е договор за соработка помеѓу ЈИЕУ и Политехничкиот Универзитет од Тирана

ЈИЕУ и Политехничкиот Универзитет од Тирана во понеделник ( 13 април 2009 година) потпишаа договор за соработка.

Договорот од страна на ЈИЕУ го потпиша ректорот академик Алајдин Абази додека од Политехничкиот Универзитет од Тирана ректорот проф. др. Јоргаќ Кацани.

"Целта на договорот е воспоставување на соработка во сферата на високото образование помеѓу ЈИЕУ и Политехничкиот Универзитет од Тирана", рече ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази.

Договорот, исто така има за цел да ја поттикне размената на академскиот кадар и студентите од додипломските и последипломските студии како и научната соработка во областите од взаемен интерес, но и да ја поттикне размената на публикациите и другите материјали од сферата на научните истражувања. Размената на искуствата во развојот на најдобрите наставни методи и техники и организирањето заеднички симпозиуми, работни средби, конференции, истражувачки програми и заеднички проекти се од посебен интерес за двата универзитети.

Google+