На трибината учествуваа директори на институти за јавно здравство од Македонија, директори на болници и професори.
Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика им заблагодари на сите здравствени институции и професори кои помогнале во дизајнирањето на оваа програма.
„Следејќи ги новите трендови во здравството во земјава, Штуловиот универзитет во иднина ќе произведе кадри кои ќе најдат соодветно вработување во институциите“, рече ректорот Дика.
Директорот на Институтот за животна средина и здравје, проф. д-р Муртезан Исмаили, рече дека очекува новата студиска програма да го пополни недостатокот на професионален кадар во оваа област.
Новата студиска програма ја поздрави и директорот на Фондот за здравство на Македонија, Џемали Мехази, кој рече дека фондот ќе ја поддржи иницијативата на УЈИЕ.
Поранешниот министер за здравство на Македонија, проф. др. Азис Положани, рече дека оваа програма ќе влијае врз професионалното подготвување на адекватен кадар за менаџирање на здравствените институции.
Во првата година на програмата здравствен менаџмент ќе имаат можност да се запишат 20 постдипломци.
