Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Тркалезна маса за Охридскиот рамковен договор на УЈИЕ

Тркалезна маса за Охридскиот рамковен договор на УЈИЕ

„Дискусија на квантитативните анализи за статусот на имплементацијата на политиките од Охридскиот рамковен договор“ беше темата на тркалезната маса која се одржа во понеделник (17 .06 2013), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Конференцијата ја организираше Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор и присуствуваа заменик- премиерот Муса Џафери во Владата на Република Македонија одговорен за имплементација на овој договор, универзитетски професори и експерти од оваа област.

Проректорот за истражување на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река ја отвори дебатата и рече дека целта на оваа тркалезна маса е преку дебата да се придонесе за имплементација на Охридскиот договор.

Заменик-премиерот Муса Џафери рече дека главната цел на оваа работилница е да обезбеди партнерство со универзитетите за да се анализира што сме направиле во последниве 10 години за имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Google+