Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Делегација на ЈИЕУ учествуват во активностите по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука во Битола

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани, и генералниот секретар на УЈИЕ, м-р. Неби Џемали, денес учествуваат во активностите по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука во Битола.

Делегацијата на УЈИЕ го посети Музејот на албанската азбука во Битола, а потоа присуствува на централната манифестација, која ќе се одржи во Домот на културата во Битола, во рамки на активностите по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.
Годинашните активности се одржуваат и во рамките на посетата на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, на Битола, по повод овој историски датум.
Оваа година се одбележуваат 118 години од Битолскиот конгрес, историскиот настан од 1908 година, на кој беше утврдена заедничката азбука на албанскиот јазик и кој претставуваше пресвртница во развојот на образованието, културата и албанскиот национален идентитет.
Присуството на УЈИЕ на оваа манифестација ја потврдува посветеноста на Универзитетот кон албанскиот јазик и културното наследство, како и значењето што му го посветува на високото образование во зачувувањето на историските вредности и во градењето мостови на соработка меѓу институциите.
Google+