Во петок (7 јуни 2013год.) амбасадорот на САД во Македонија Пол Д. Волерс го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и оствари средба со најистакнатите дипломци од сите факултети на УЈИЕ. На овој состанок амбасадорот Волерс зборуваше за предизвиците и можностите за идние кариери на дипломираните од УЈИЕ.
Покрај тоа, амбасадорот Волерс се сретна со ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика и другите членови на менаџментот на Универзитетот. На состанокот тие го информираа амбасадорот за најновите развои и идните планови на Универзитетот.