Во вторник (28 мај 2013), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово започна Летната школа за идните трендови во компјутерските науки.
Меѓународни професори од Албанија, Германија, Хонг Конг, Македонија, Малезија и Турција се сретнаа за размена на идеи на истакнат форум од познати компјутерски научници.
Светски познати професоери го покажаа нивното искуство, најновите достигнувања и иднината на компјутерската наука. Во текот на сесиите, учесниците разменуваа идеи и дадоа предлози за најновите трендови споредувајќи ги искуствата на нашите професори“ рече ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика, кој ја водеше една од главните сесии на летната школа.
Професорот од Универзитетот во Киел, Клаус Тотерман, рече дека тој е изненаден од УЈИЕ и од важноста која УЈИЕ ја дава на науката.
Летната школа за идните трендови во компјутерски науки се организира заеднички од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и ZBW – Информатичкиот центар за економија и ќе се одржи од 28 до 31 мај 2013.
