Повеќето од студентите беа од областа на Студии за Југоисточна Европа во првиот и во вториот циклус (додипломски и последипломски) и за нив ова беше искуство за збогатување на нивното знаење за овој дел на регионов.
Студентите од Германија ги пречека проректорот за истражување, проф.д-р Блерим Река , кој се осврна на историјата на нашиот универзитет , со посебен акцент на студиските програми , тековните трендови и идните планови. Професорот Река исто така ги информираше гостите за тековната состојба на високото образование и за можноста за размена на идеи во оваа насока .
Студентите го разгледаа Кампусот на Универзитетот, од каде беа запознаени со организацијата , структурата и развојот на студиите.
