Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува со поддршка на различни социјални групи. Во оваа насока, во вторник (21 мај 2013 год.) УЈИЕ донираше три компјутери на Асоцијацијата на слепи во Тетово. Оваа помош се реализираше на барање на асоцијацијата за да им помогне и да ги поддржи во секојдневните активности.
Претставниците од асоцијацијата изразија задоволство за донацијата , истакнувајќи ја важноста на информатичката технологија во нивната работа и му честита на Универзитетот за подготвеноста да им помогне.
Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, до сега има донирано значителен број на компјутери , во главно во основните и средните училишта како и во невладините организации во различни градови во Македонија.
