Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа , проф. д-р Замир Дика рече дека„Технолошкитепарковиги вклучуваат најважнитеелементи -би рекол клучни заекономиибазираниназнаење, какоштосеаспектите наиновации, комерцијализацијанаидеите, претприемништвото и „паметното“партнерство: универзитет-индустрија-влада“.
„Какоштоќевидитеденес, несамоштоќесе отвори зградатаиинфраструктурата на технолошкиот парк–коисеважниелементизакомпаниите, туку веќе сепромовираат и трикомпаниикоисе учесници сосвоитеплановивопаркот“ рече ректорот Дика.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи во нејзиното обраќање рече дека проектите од овој вид имаат за цел да создадат услови за развој и имплементација на иновациите.
„Ова е најдобро време за да се воспостави научно -технолошки парк затоа што динамиката на економската и технолошката промена во Европа го одразува воспоставувањето на новиот економски систем базиран на знаење воден од научно-истражувачкото истражување и постојаните технолошки иновации“ , рече градоначалничката Арифи.
Министерот за образование на Р. Македонија Панче Кралев честита на Универзитет на ЈИЕ и на Одборот на Универзитетот за храбриот чекор за основање технолошки паркови, кои ќе влијаат врз развојот на компаниите и во заедничките партнерства . Ова е прв технолошки парк кој се отвора во Македонија.
Министерот за економија на Р. Македонија Валон Сарачини рече дека „на Универзитетот на ЈИЕ има солидна инфраструктура и научен кадар кои можат да бидат носители на иновативните процеси и ќе овозможи практична примена на постоечкото знаење и истите ќе ги употребат да решат конкретни проблеми во економијата, да го промовираат развојот и да го поттикнат извозот.”
Директорот на технолошкиот парк на УЈИЕ , доц. д-р Азир Алиу рече дека паркот ќе им помогне на професорите, истражувачите, студентите и деловната заедница да соработуваат со цел да ги воведат иновациите во академијата и во индустријата.
За отворањето на технолошкиот парк, Универзитетот на Југоисточна Европа има инвестирано околу 50 илјади евра и се обезбедува простор од 650 квадратни метри.
