Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центарот за културна интеракција и дијалог организираше еднодневна работилница за едукатори со наслов "Влијанието на културата и интеркултуралноста во образовниот процес"

Работилницата се одржа на 26 април 2013 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Центарот за културна интеракција и дијалог (ЦКИД) организираше еднодневна работилница на тема „Влијанието на културата и интеркултуралноста во образовниот процес". Овој настан е продолжение на активностите кои третираат прашања поврзани со меѓукултурниот дијалог и разбирање во организација на ЦКИД.

На работилницата учествуваа 59 професори од средните училишта од цела Македонија на кои им беа доделени сертификати за учество. Учесниците беа претежно наставници по: англиски јазик, француски јазик, социологија, филозофија, психологија, историја и математика.

Учесниците беа поздравени од страна на Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации (ФЈКК), д-р Бенџамин Kитинг, кој зборуваше за своите искуства со интеркултурното образование во неговата родна земја, Ирска, како и важноста на ова прашање во Македонија. Презентации одржаа професори од Факултетот за јазици, култури и комуникации кои предаваат англиски јазик, студии на културата и комуникациски науки. Д-р Агим Пошка презентирашe тема насловена„Злоупотреба на „Културата“: Концептот „ова е дел од мојата култура“ и неговите последици во образованието". Д-р Линда Зибери презентирашe тема насловена „Културните разлики во училницата: Подобрување на критичкото мислење и комуникациските вештини кај учениците“. Д-р Маја Мухиќ презентирашe тема насловена „Предизвиците на интеркултурното образование во мултикултурно општество: Градење на интеркултурно училиште”. Работилницата заврши со дискусија за визиите за интеркултурното образование, во рамките на што учесниците истражуваа различни идеи и потенцијални активности преку кои би се третирал диверзитетот и интеркултурализмот во наставата.

Google+